Петрино.Населба од доцноантичкото време. Југозападно од училиштето "Мите Богоевски", при копањето на септичка јама е констатиран културен слој во кој се најдени фрагменти од керамички садови и друг археолошки материјал.
Пирк. Населба од хеленистичкото време. На 1 km северно од туристичката населба, над месноста Сирхан се издига гребен со зарамнето плато на кое се среќаваат фрагменти од керамички садови. Платото било прекопано со ровови во Првата светска војна.
Населба од хеленистичкото време. На 2 км северно од селото и во правецот на селото Езерани, на самото езерско крајбрежје, на простор од 100 x 100 м по површината се гледаат остатоци од градби кои со едниот дел навлегуваат во водата на езерото.…
Прељупски Рид. Населба од доцноантичкото време. На 1 km југоисточно од селото, во лозјето на Мите Печаноски од селото Долно Петрово бил откриен питос. Во околните ниви се среќаваат фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал.
Претор. Населба од доцноантичкото време. Источно од селото, на просторот што се наоѓа до атарот на селото Курбиново, особено во имотите на Алекса Босилков и Стојан Костовски, со ископувањата во 1967, 1972 и 1974 година се откриени темели од објекти…
Присој. Населба од римското време. Во лозјето на К. Калајџиски, што се наоѓа на 1 km североисточно од селото, се откриени темели од објекти, суспензури од хипокауст, како и повеќе питоси од кои еден се чува во Заводот и Музеј во Охрид.
Манастирот посветен на Раѓањето на Св. Богородица над селото Сливница, е значаен манастирски комплекс во преспанскиот регион. Овде со векови, секоја година на 20/21 септември на денот на Раѓањето на св. Богородица или на Мала Богородица како што уште…
Рајчинец. Средновековна населба. На 1 km северо¬источно од селото, на мала зарамнета површина се наоѓаат грамади од кршен камен, а наместа се среќаваат и фрагменти од керамички садови и питоси.
Рекиње. Топилница од доцноантичкото време. На околу 3 km источно од селото, во подножјето на Пелистер и во непосредната близина на изворот на малата река се гледаат грамади згура од топена железна руда.
Рот. Некропола од доцноантичкото време. Според кажувањето на мештаните, во нивата на Крсте Калајциески била откриена гробница ѕидана од камен и варов малтер, во која биле најдени златни белезици. Гробницата е уништена, а наодите не се зачувани.
Рудина. Неселба од римското време. На 1, 5 km западно од селото, на десната страна од патот Макази-Маркова Нога, во нивата на С. Јанчевски биле откриени темели од објекти. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, суспензури од…