ПАВЛОВСКИ СТЕФО КИРЕ. (1921- 1944)

Title

ПАВЛОВСКИ СТЕФО КИРЕ. (1921- 1944)

Type

борец

Spatial Coverage

Кривени

Temporal Coverage

НОВ

Biographical Text

Роден е во село Кривени на 20 септември 1921 година, во селско земјоделско семејство. Основно образование завршил во родното село.

Како напреден младинец го помагал Народноослободителното движење. Во НОВ стапил во почетокот на септември 1944 година во состав на VII-та македонска бригада. Како курир на штабот на Бригадата извршувал повеќе задачи. Во октомври бил испратен од извидницата на Бригадата на планината Бигла, со задача да ја запленат оставената германска радиостаница. При извршување на задачата нагазил на минско поле, бил ранет а потоа пренесен на лечење во Македонски Брод. Таму подлегнал на здобиените рани на 12 ноември 1944 година.

Citation

“ПАВЛОВСКИ СТЕФО КИРЕ. (1921- 1944),” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/324.

Social Bookmarking