ПАВЛОВСКИ СТЕФО КИРЕ. (1921- 1944)
Наслов
ПАВЛОВСКИ СТЕФО КИРЕ. (1921- 1944)
Тип
борец
Просторно покривање
Кривени
Временско покривање
НОВ
Биографски текст
Роден е во село Кривени на 20 септември 1921 година, во селско земјоделско семејство. Основно образование завршил во родното село.
Како напреден младинец го помагал Народноослободителното движење. Во НОВ стапил во почетокот на септември 1944 година во состав на VII-та македонска бригада. Како курир на штабот на Бригадата извршувал повеќе задачи. Во октомври бил испратен од извидницата на Бригадата на планината Бигла, со задача да ја запленат оставената германска радиостаница. При извршување на задачата нагазил на минско поле, бил ранет а потоа пренесен на лечење во Македонски Брод. Таму подлегнал на здобиените рани на 12 ноември 1944 година.

Колекција
Цитирање
“ПАВЛОВСКИ СТЕФО КИРЕ. (1921- 1944),” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/324.