Најголемиот грев

The greatest sin

Некоја жена, имала слуга во куќата и сакала да се ебит со него. Слугата се срамел, не мислел на то. Една ден било ф црква некоја слава, требало да се одит. Слугата за да биде чист се пресфлекол и рекол:

- Клај ми вода да с'искапам!

Кога отишол да се капит и кога се слекол гол, жената му се натурила сама в одајче ... Тој пак не сакал. Замиен, недомиен се облекол и отишле ф црква. Ф црква жената влегла напред, а слугава - понаѕад. Ко влегол слугата - сите свеќи изгаснале. И попот дал наредба:

- Кој шќо влезе сега последен, нека дојт најпрв до мене, да о прашам нешќо.

Отишол слугата кај попот и попот му рекол:

- Што имаш ти сторено?

- Ами, нишќо немам сторено.

- Не, не, не, голем греф си обрал!

- Не, бре!

- Кажи, иначе немат ни да излезиш одовде вака.

- Еј, па, сакаше да се ебит газдарицата со мене, ја не сакаф. Едино то. Друго нишќо не знам.

И тогаш му рекол попот:

- Па, од тој поголем греф кај имат? Таја запалена сакала да се ебит, ти не си сакал, си е понижел. Голем греф си учинил!

И кога го кажал то и свеќите се запалеле.

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org