Момата што сакала маж со две чешала

The girl who wanted a husband with two peckers

Некоја мома била од богата куќа и една у мајка и татко. Бидејќи една, момата била разгалена до немајкаде. Се што ќе видела сакала да биде незино. Нејќела никој во селото да има нешто што таа немала. Демек, момата била лика и прилика на батко Ѓорѓија од песните, кој сакал се што е убаво да е негово. Таа била дотолку тамаќар што дури нејќела да се мажи, нејќела да има и таа маж каков што имале други жени. Пуштила момата глас дека ќе се мажи само за момче што не прилега на другите момчиња и велела:

- Јас ќе се мажам само ако најдам момче со две чешала!

Такво момче немало и не се чуло да има некаде. Момата си стојала мома, а нејзините другачки веќе имале деца.

Некое сиромашко момче од едно друго село разбрало за будалестото сакање на момата. Момчето било многу умно и скројало марифет како да ја земе момата и да се куртулиса од сиромаштилако.

Си зело момчето стапо в раце и пошло кај момата. Без многу мрдање, тоа одма и рекло:

- Мори, моме, чув дека си барала таков и таков маж. Јас имам два: еден поголем и еден помал. Момите од моето село не ме сакаат, па ако ме сакаш ти, да се земиме.

- Истина, момче, имаш два? - го прашала момата и се израдувала. - Ако е така, јас сум каил да се земиме.

Момчето било лично и на момата и се бендисало, та набргу се привенчале. По свадбата, кога легнале да спијат заедно, момата видела дека тој има само еден кур.

Се налутила, па го прашала:

- Ти, мажу, ми рече дека имаш два, а јас гледам само еден. Каде ти е другиот? Ме излажа, а?

- Не те излажав, мори невесто. Јас имам два, ама едниот му го дадов на нашио поп назаем.

Будалестата невеста поверувала и се смирила, бидејќи и со едниот вршиле работа.

Поминало баеѓи време и еден ден момчето кинисало по работа некаде и таму останалo повеќе денови. Младата невеста останала сама. Бидејќи не можела веќе без маж, намислила да оди кај лопот да го бара другиот кур од нејзиниот маж. Што наумила - тоа и сторила. Му пошла кај попот.

- Мори невесто, што си се намачила до мене?

- Попе, право ќе ти кажам, ама не лути се. Јас дојдов да ми го вратиш курот што маж ми ти го дал назаем, оти тој не е тука.

Попот веќе знаел каков маж таа барала и се сетил во што е работата. Штом и го видел умот на невестата, и рекол:

- Невесто, немај гајле, што сум зел назаем, чесно го враќам. Со мажа ти таков ни беше и зборот. Ајде, легни, па да ти го вратам.

Си ја свршиле убаво работичката и невестата, саде ќеиф си пошла дома. Вечерта се вратил мажот. Уште од врата жената го подбрала и му подвикнала:

- А бре, мажу, јас те знам итер, ама ти си бил многу будала. Ако веќе на попот си му го дал едниот кур назаем, зошто си му го дал поарниот?!

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org