Тројцата браќа и попската ќерка

The three brothers and the priest's daughter

Биле тројца браќа, живееле у заедница со татка им. Имале голем имот, имале овци, големи ниви, еве ... Дошло време стариов се разболел и умрел. И што напрајле, се поделиле. На секому му паднало по двесте овци. Првиот брат ги чувал овците, ги чувал, најпосле му здодеало и решил да ги продава. И искоч ил надвор една ден.

- Ајде, бате, ја ќе ги продава овците. Ми здодеа да ги чувам. Ќ' испаднам на пазар денеска, белки е среќа да фана некој динар пари.

И ги извајл овците. Наминал покрај една улица и видел една жена у дворот си мете, ама жена што има што да види, разбираш ! Се расцркал:

- Продавам овци, продавам овци!

И го слушнал попот. Она имала поп татко.

- Колку пари ги продаваш овциве?

- Абе, попе, не ги nродавам за пари, ги продавам - за жена!

- Оди вамо штом је за таа работа. Оди вамо, имам ја една ќерка, погодете се сос неја.

Је вика на ќерка си:

- Ќерко, вака и вака ...

- Е - рече - тато, испаѓам надвор.

Испаѓа ќеркава:

- Колку пари?

- Што колку пари ? Да ти го пикнам еднаш доста е!

- Оди ваму!

Оди у соба, си легнуват тамо и го пика еднаш, испаѓа.

- Ами - рече - уште?

- Рече еднаш само.

Видел не видел чоеков, си дошол дома измиен со очите. Кога си оди дома, браќава го гледат:

- Бате, ги продаде овците?

- 'И продадов. Јака печалба добив.

Утрента рече и другиов:

- Ај, и мене ми се здодеа, да чувам овци, и ја ќе 'и продам. Оди н' истото место и он. Вика уште оддалеку:

- Овци продавам, овци продавам! Кој сака да ги купи?

Испаѓа попов:

- Колку пари им сакаш? - рече.

- Не 'и продавам за пари, само за жена ...

- Оди, ја имам една ќерка, пазарете се сос неа.

Оди попот ќе ќерка му и вика:

- Вака и вака работи ... Уште една будала. Да го стегнеме и него.

Кога он загледуе у дворот, ги виде на брат му овците. „А - си рекол - брат ми овде ги продал овците!“ Флегуе внатре.

- Колку пари им сакаш на овците? - го прашала таја.

- Ништо нејќум, еднаш да си легнам сос тебе.

- Ајде!

Си легнуват.

- Ами, дај! ...

- Како дај? Ти рече да си легнеш сос мене само!

- Ами како, не ти 'и дадов за џабе овците, ја ти реков да те ебам.

- Не, ти рече само да си легнеш сос мене! Еве, си легна сос мене, сега мојш да станеш да си ојш дома и готово!

Станал сиромав, си дошол дома измиен. Брат му му вика:

- Како ги продаде?

- Ги продадов, бате, и голема заработувачка добив.

- Е, што напрај?

- Пара зедов.

Овој се смее, знае оти и он ги измил очите ко него. Третиот ден вика малиот брат:

- Ќ'одам денеска ди продавам овците И ја. Не сакам да бидам овчар. Сакам да живејам и ја ко вас.

Испаѓа он, носи ги на истата улица. Кога гледа оддалеку: четиристотини овци! Не се малку, разбираш! Ги видел оддалеку. „А - си рекол - браќава кај ги продале овците!“

- Продавам овци! Попе, имаш некој дома?

- Имам, имам. Колку ги продаваш овците?

- Ја знам колку ќе ги продам, туку кој ќе 'и купе.

Ќерка ти нека испаднит, да се пазариме.

Испаѓа ќерка му:

- Колку пари им сакаш на овците?

- Абе, сестро, ништо не сакам, само да ти го пикнам!

- Оди ваму!

Го зима она. Вечерта муабет, јадење, пиење. Дошло времето, овај си легнал сос неа и ѝ го пикнал. Чека сабајлината ова да стане, овај си лежи.

- Абе, ајде, стани!

- Чекај, пазарот ни беше да го пикнам!

Кога чека: ден, два, три, недела, две недели ... овој не го вади однатре. Разбираш, овчарска работа. Не дај боже, да не каптисаш на него! Влегол внатре попов:

- Аман, ќерко!

- Тате, што да му прам? Фаќај слугите да го фрлат сосе партали.

Ов'ј се грабнал за неа, се држи. Сосе кревет слугиве го изнесуваат на улица, мислат овде ќе се посрамоти, ќе стане откај неа. И ов'ј си лежи, ни срам ни перде! Кога утрото, мини некој пријател од неговото село таму.

- Е, Стојан - му рече - врати се навака, да ти кажам нешто.

- Што има, бе бате?

- Абе, те молам здраво-живо носи на бате. Кажи му нека ја посеат та нива горе големата шчо е бостанче. Ко ќе фтаса, нека донесе неко ластиче да каснам, оти изгорев од сонцево овдека лежејќи.

- Леле, ќерко, нема да станеш уште две години! Туку дај да му простиме еве. Земи си го за маж, да го носиме дома! Ов'ј страмотилак не се трга - рече попот.

Зимает сосе кревет, сосе жена дома го носат.

- Е - му викат - стани, еве ти ги и овие шестотини овци, еве ти и мое цело имање, и земи си ја неа за жена. Остани овде за зет, само страмот да не го тргаме!

- Ами, како ќе речиш, попе; мене и вака арно ми е, ја уште ќе си лежам.

И така стануе он тогаш откај неа, остануе зет тука. Ги вика браќава:

- Е, абаџи едни, еве ви ги овците, останете чоеци! Ја овдека станав чоек и така и така. Еве и женичка.

Напрајле една свадбичка за мерак.

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org