Господ и сиромахо

The poor man and the Lord

Некој човек бил сиромах и като попрос малку. Одил на орање. Дигни ралото од тове крај на рамото на оне, па спрегни воловете - па кара браздата. Заминал един стар човек и го попитал:

- Оти бе, синко, тека праиш?

- Е, ат какво?

- Тека од туа ќе обрнеш воловето.

Покажал му. Обрнал воловето. Си поминал старио човек. Тове бил господ. Претворил се, врнал се од другата страна од дека идел. Попитал го:

- Добар ден, синко!

- Дал ти бог добро, дедо.

- Е, кој те научи тека да ореш?

- Е, па јас, кој?

- Е, ти? Па си научен од башта, од деда?

И тове му се досадило. Попитал го па старио човек:

- Што сееш, синко?

- Курове сеа - вика.

- Е га даде бог - вика - и да се родат!

Арно ама, од ка посеал нивата веќе не му се врнали очи да види што има по нивата што нема. Дур му текнало куа дошло ред за жетва да жние. Ошел да жние. Куга ќе види: се курове по нивата! „Ева ! - рекол - Што праа јазека? Това ме е на кажал господ.“ Чудил се што ќе праи, што ќе праи ... А това, а онова ... Рекол: „Море, дај да ги ожна, да фнеса дома, да се не пезат свето туа по нивата сос них.“ Ожнал, однел дома на колата и чувал ги до некое време. Ама есента рекол: „Чекај, море, ја имам стока, па да однеса на пазаре, беќи ќе се продаде нешто, да си зема некој грош пари.“ Арно ама, на пазаре навртел и се мажје, жени, деца. Гледали кој откој и се смеали. Ама заврага, една млада жена, вредна тека на време, рекла:

- А бе, пријателе, мога ле да избера нешто?

- Невесто, па мож да избереш. Ја, бирај, бирај! Кој те ареса тове земи.

Арно ама, бирај, бирај, не и се аресува. Един догледала у ќошето. Ка го видела, го бендисала. А он и рекол:

- Само куга го видиш, немој да свиркаш, да си траеш и да го земеш.

Она послушала. Не хтела да свирне.

Штом го раскрила рекла:

- Ко'ку бе, пријателе, това?

- Една ж'тица, невесто!

- Една, една! На ти една ж'тица!

Тури го под мишката. Кренала. Тове рекол:

- Невесто, куга таа работа ќе врши ќе речеш фиууу! И он ќе се џирне.

Па си кренала, ама заборила да го пита какво да го одбие од там. Одила, одила. Текнало и, рекла: „Море, јас заборих да го питам какво да го одбиа?“ Врнала се.

- А бе, пријателе, ти ми продаде това, кажи ми, какво па да го одбиа од тамо?

- Ќе му речеш, невесто, ац-ц, и он ќе излезне.

По пате ка си одила дома, рекла: „Чекај да вида па таа работа дали е истина или не е! Тове мож да ме излага само да ми земе ж'тицата“. Имало тамо малку дрмушка. „При таа дрмушка ќе спадна, свето туа на пате немој да ме видат“ - си рекла. Спаднала тамо до дрмушката, врблаци имало. И ка го отворила, ка му свирнала, он се џирнал. Акал, акал, а таа забораила какво и е кажал да го одбие. Едно време г'цкала, г'цкала и рекла ац'ц. И он испуунал. И рекла: „Ох, милие, ох, милие! Такваа работа требе!“ Фанала, омила го на водичката, там на реката. Увила го турила го у кутиата. И си тргнала дома весела, превесела.

Арно ама, кога ошла дома маже и немало дома. Сложила го на долапо озгоре. Кутиата била шарена. Он ка дошел од некаде, угледал се: кутиа видел. Рекол: „Чекај да вида што има у таа кутиа“. Арно ама, свалаеќи кутиата, ка а отворил свирнал - фиуу! Кат му се метни и на него. Та надоле, нагоре низ rашти. Гонил го, пустил, го удрил го. Он удри, тове не разбира. Акни му се у него. Едно време рекол: „У-у, д'еба маќа му!“ И тове се разбрал, излезнал. И турил го са ф кутиата и си м'чи. Дошла жената му од некаде. Като се одморил, рекол:

- Жено, ќе те питам нешто ама право да ми кажеш. Што е таа кутиа тека на долапо?

- Е, човече, ништо не е.

- Не, ќе ми кажеш од дека го најде?

- У, човече, па ја не знам ништо.

Стани, он, свали кутиата:

- Отвори да виш шо!

Куга отворила видела што има.

- Од дека ти е жено тове?

- Од пазаре. Продаваше еден суџуци и ме ареса.

- Па ко'ку го купи?

- Една ж'тица.

- Е, не е суџук, жено, туку е кур што те ебе.

- Е, ја ...

- А, тека е, жено, не инќари! Ја што сам фтесал од него, та ме гони низ кашти, та ме ака, ака, ака ... Додека да се сета какво да го одбиа, ме раздра. - Е, жено, досега и тека и тека ама од тука натам шо да праиме ние сос тебе? Јас имам, и ти си купила! Ти кој ќе скриеш, па ја кој ќе скрија!?

Она рекла:

- Човече, па ја што сам купила тове ќе скриа а па ти што си носиш, носи си го и - мирна Босна!

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org