Жена не мојш да довардиш
Биле маж и жена и почнал мажот да е напаѓат:
- Курва си, ваква си, таква си ...
А жената .,... поштена. И велит:
- Слушај вамо, бре! Ај, глеј си ја работата. Ние ене сиромаси луѓе ... Ја ако сакам по таја работа да одам, ја пред тебе, ќе ја вршам ушќе ти ќе ме запрегнеш. И овај се налутил и не ојт на работа, велит:
- Ќе те варда, мајчина ти!
- Е, добро, варди ме.
Ден, два, три, месец, два, никако на работа не ојт. Та ќе појт по нужѓа, а тој - по не. Та ќе појт на вода, тој - по не. Ко неко успојаска уз женава. И ова е фатила мака една ден. Децата и гладоле. Овај никаква работа не работит, е вардит. И се доrоворујт со некој во комшиите, мераклија бил многу. И имал мерак за таја жена, со душа чекал да му речит.
- Слушај бе, комши! - му велит. Ја не сум по таја работа, ама ме напрај маж ме да бидам таква. Ќе дож изутрина рано, во зора, уште мрчко ко ќе биде, ќе се скриеш во бунишќено. Него ќе г' извајш - на готово ... Ја ќ' излезам по нужда, ќе го натерам маж ми да ме запрегнит.
Та измислила на кој начин требит да бидет приморан мажје за да е запрегнет, оти е вардил. Замесујт рано тесто. Леб месила и нарочито г' остајла недомесено тестото за да морат маж је да е запреrнит тамо - на бунишќе - ко ќе појт. И велит:
- Мажу, знајш што е. Мене ми се ојт на голема нужда. Да се не фаќам да се запрегом, тестени ми се рацеве, лебот не е домесен, ќе дојш - велит - ќе ме запрегнеш да свршам нужда. И требит да о домесом лебот.
Еј, та - напред, маж је - по не ... Е запрегујт, се наместујт та убо ко на колче на тој скриен маж што бил тука. И сега, не могол да мрдат за да не се отскриет, за да может нешто да изведит ... Го прашала жената маж је:
- Мажу, дали можеш да погодиш шќо ќ' имаме за ручек ?
- Па, шќо ќ'имаме за ручек - велит - граф!
И она: потстани, потседни ... Викат:
- Не погоди, не погоди, не погоди!
Паг му велит:
- Ке имаме месо!
- Не погоди, не погоди, не погоди!
Паг си потстанујт, си подседнујт ...
- Ќе имаме печено!
- Не погоди!
- Ќе имаме онакво ... зелниг!
- Не погоди!
Имало едно сукано, се викало на појќе имиња: сутпите, ѓомлезе, тури-потпечи.
- Ќ' имаме - викат - тури-потпечи!
- Не погоди!
- Ќ' имаме сутпите!
- Не погоди, не погоди, не погоди!
Кога дошло да свршат работа, мажо ви кат:
- К' имаме ѓомлезе!
И она викат: довлезе, довлезе, довлезе!
И така се завршила работата. И, маж је, ко се налутил ... Та му се пулела прао в очи да не е удрит. Узмамал за да е удрит. И та си станала, му избегала. И тој потфатил, на мрчко пошќо било ... Го чинел колче да не е'т во бунишќено закачено ... За да е удрит жената ... Го фаќат комшијата за кур, му се слизнујт, паѓат на плешти, на гас:
- Газот ми ти мајчин - велит на жената - ако не беше колчео сланосано, ќе те скршев од маање!
Кога отишол дома:
- Е, будалиште едно - му велит жената - ко ти велев ја ти ќе ме запреrнеш и ќе се еба ко ќе сакам, ко ќе бидам по таја работа ...
- А, мајката мајчина - тој и велит - и то го напрај?
- И то и то, така да знајш: ја ко ќе сака, да ме довардиш не мојш!
И така завршила работата.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни