Думал сос Господ
На некој била жената му од друго село. Имал балд'за ногу убава и са кроил ка да а ебе. Жената му си одимала малечко дете и са он ќ'ие по балд'за му да а доведе да им гледат детето. Фата там некоа друга жена, месува му една погача и една кокошка испечува а. Ќ'оди он каде бабата там, дедо ќе види и балд'зата ќе доведе да гледа детето.
И ка оди натамо, ф едни трње остава на едно место погачата. Понаонам така поодил, поодил, остава па кокошката. И ошел веќе тамо.
- Ка сте, шчо сте, бабо, дедо? Јас дојдех по балд'зата да дое да погледа децата, оти са маленкото ногу праи бела. Ониа да погледа, да а пушчите.
- Ама ќ'а пушчиме - рекла баба му.
И качува а он на коне и ајде покарува коне, он по неа. И ка си одат така по пате, он се озавја, вика: „А, а, а ... ? А, а, а !“ И са она се зачудила:
- Бато, сос кој думаш?
- Сос господ!
Е, шчо ти вика?
Вика ф тиа трње там има една испечена кокошка, та д'иа да а зема.
- Ами, иди а земи!
Оди он, зима кокошката и па тргнува по пате. Таман ка придели веќе на ке погачата, он па вика: „А, а. А, а, а, ... !“
- А шчо викаш, батко?
- Вика ф тиа трње там има една погача, та д'иа да а зема да ручаме.
- Иди а земи!
Оди, зима и погачата. Понаонамце така имало кладенец. Седнуваа до кладенецо и наручуваа се: изижџаа кокошката и погачата. Стануваа па ќе одат. Јааанали ... Така еден ендек nонагоре. Тове вика па:
- А, а, а ...? Јок, јок, това ич не ми думе. Това не бива работа.
И па нагоре ка одат:
- А остави се, море! Ами ако умра, ќе умра - вика.
Това јас нема да го сторам ... Ме е срам!
И она са се зачудува:
- Бате, шчо вика, бе?
- М'чи, море, еле ме е срам да ти кажа. Ам еле вика Господ да се ебем. Ако не, ќ'умра!
- Ами, бате, ако е така, за да не умреш, па и ќе се ебем.
И фанал, тргнал и го. Разбираш ле? И си ошли дома така сос ќеф.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни