Пуста сиромаштија
Бил некој младич. Излегол една ден и немал шќо да работит друго, туку измислил: зел неколку бои и си го нашарил курот. Се поставил покрај еден селски пат и чекал кога ќе наминит некоја жена. Му наишла некоја жена и тој легнал на плешќи, го надрвил нашаренко со бои во линии и легнал - како да спијет. Жената кога поминала, кога го видела, се зачудила: - „Па, што мојт ова да бидит?“ - рекла. Му потфрлила едно камче и продолжила како нишќо да не било. Одеднаш тој отскокнал и и викнал:
- Застани малу!
- Таја застанала и просто се потсмевнувала. Ѝ рекол:
- Зашќо се задираш кога не те задирам?
- Ама - рекла - прости, не бев во нишќо намера. Само се зачудив: секакви су видела, уште ваков шарен не су видела! А што мојт то да бидит?
И тој и рекол:
- Прво да те прашам: каква си ти жена - дали си сиромашка, или богата, или пребогата?
- Ја сум жена сиромашка - та му одговорила.
- Дали имаш маж?
- Имам маж.
- Е, за тебе ова е многу арно - рекол.
- Да чујам.
- Овој шарениов, до првава завршка, кога ќе го клам на жена, таја ќе бидит полубогата, ќе родит дете полубогато. Ако и го клам до фторава зарешка, ќе родит многу богато дете. А ако и го клам до треќата зарешка, ќе бидит ептен сиромашко.
И таја му одговорила:
- Да се зас'лниме на некоја страна, па, дај, клај ми го мене до полубогата. Није ене сиромаси, барем дете да имам малу богато. Д' имат напредија.
Се зас'лнале на некоја страна и тој и кажал:
- Јас за се барам пари.
- Еј, како бараш пари?
- Па, за полубогата барам поефтино. За многу богата - поскапо, а за сиромашно не барам нишќо.
И таја се согласила. Кога почнале, тој и го ставил само до таја зарешка - до полубогата. Нејзе и се насладило, рекла:
- Море, дај до многу богато нека бидит. Приклај го до другата зарешка!
Кога го клал до фтората зарешка, таја се запалила.
- Море, аман - рекла - сијот фтерај го! Белки ќе бидит нешќо ...
И ко го лупнал внатре сиот, рекол:
- Еј, пуста сиромаштијо, знајш ти зошќо си сиромаштија!
Kiril Penushliski. Macedonian erotic folktales