Умното момче со три имиња и царската ќерка

The clever lad with the three names and the king's daughter

Имало во едно село едно момче кое сакало да а ебе ќерката на царот. Се чудело шо да направи и кај да оди само това да го сврши. Еден ден му паднало на памет да оди и да биде офчар во царските дворови. Куга ошло тамо, бидејќи се согласил да работи секакви работи, го примиле како измеќар, како офчар и други нечисти работи да работи. Со време тој се приближувал се повеќе и повеќе до ќерката на царот.

Еден ден го прашала царицата:

- Момче, како ти е името?

- Царице, името ми е многу безобразно. Ќе ви го кажам само немојте да му го кажувате ни на царот, ни на ќерка ви, нити пак на стражарите.

Таа му одобрила тоа дека нема да збори никаде и тој и кажал дека неговото име е Путка. На другиот ден дошол царот и му вика:

- А бре, момче, како се викаш ти?

- Честити царе, на мене името ми е Кур. Само немојте да зборите ни на вашата жена, ни на ќерка ви, ни на стражарите, оти такво име е сремно.

На четвртио ден дошла ќерката и таа го прашала да си каже своето име. Тој на неа и кажал дека се вика Боп.

По некој ден го пита и стражарот:

- А бре, момче, како ти е името?

А тој на стражарот си кажува име Лани.

И така времето поминало и тој се доближил сосем до ќерката на царот. Дошол и родендено на царот. И тој припремал многу јадење. Во јадењата имало и боп (граф). Се навечерале сите а баш ќерката јадела најмногу боп. Кога се навечерале, таа почнала да офка, да писка од стомах и легнала. Во тоа време умното офчарче и се приближило. И ги диrнало нозете и почнало да бута. А таа и понатаму пискала: „Олеле, боп! Олеле, боп!“

Царицата сакала да види шчо е работата со ќерката. Коа гледа: офчарчето и се натиснало меѓу нозете и бута ле, бута ... И вика по својот маж:

- Оди, цару, да видиш: Путката на ќерката меѓу нозете!

А тој и одговара:

- Па, мајчина ти, меѓу нозете ќе ѝ биде а не на челото!

Му се досадило викањето и притрчал да види. Куа гледа, вика:

- Мори, жено, тоа е Курот!

А тој веќе свршил работа и бега низ дворот. Царот му викнал на стражарот:

- Фати го Курот и сечи му а главата веднага, веднага!

Наредба е наредба, браќа! Стражарот си го извадил, го фатил за главата и си го пресекол. Момчето побегнало низ дворот. И доваѓа царот кај стражарот и му вика:

- Зошто не го фати Курот?

- Честит царе, јас го фатив!

Ама царот му одговара:

- А тој што побегна?

- Честит царе, тоа беше Лани.

Kiril Penushliski. Macedonian erotic folktales
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org