Кривапутка

Crookedcunt

Некој поп и викал се на попадијата: кривопутко! Арно ама, на неа и криво паднало оти да и вика се кривопутко. И се поплачува на комшиката. А па тове поп закачал комшиката. Била она убава и се закачал. Она си се кажува на маже си. Попадијата што ја закача попо: оти и вика кривопутка. И се договараа какво да напраат малку да го излулаа циганската тове поп.

Арно, ќа ќат да напраат.

- Ќе речеш ти на попо довечера нека дојде при тебе - вика мажо, па на неа ќе речеш нека дојде при мене, јас да исправа путката на неа.

Арно, дооди попо. Са феднага дооди и мажо. Она затворила го попо фоф ѓуклуко. Мажо вика:

- Жено, нешчо тропа фоф ѓуклуко: глушец има. Дај жеголаче, да го утепам!

Отвара, куга вижџа - поп!

- А, попе, шчо тераш тува?

И оттука шчо ќе да му направи друго, фата обричува му брадата. Таман му обричува брадата, туку дооди попадијата.

- Е, ти попадике, на тебе ти е крива путката ле?

- А-а, крива ми е. Попо ми се вика: кривопутка!

- Де, попе, држ' светло сос забите (не знам дали знаете тиа светила сос фитил гореа, сос тиниќија направени, та има рачка да се закачаа на ѕидо), д'исправа јас на таа жена путката.

И фата та пред попо натрга го на попадијата. И отпушча 'и, одат си. И заранта попадијата вика:

- У-у, попе, дека ти брадата обричија?

- Дека ти на тебе - вика - путката исправија, тамо ми на мене брадата обричија!

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org