Сексуално воспитување
Си било едно женско дете. Едино на мајка и на татко. Тие се здоговориле да не го воспитуваат детето никако од тај сексуален живот. Со времето детето одраснало и почнало да оди на школо. Кога одело на школо слушало од децата како зборуваат за кур, путка, ебање и други работи. Се враќа еден ден од училиште и ја праша мајка му:
- Мамо, што е тоа кур?
- Е, ќерка, кур е она машките што го носат на кошулата. Ние го викаме машна, некои го викаат кур и други зборои.
- Мамо, а што е тоа путка?
- Е, ќерко, путка е ние тоа што го викаме фустан.
- Мамо, а што е тоа ебање?
- Е па, ќерко, ебање е тоа што го ние викаме возење во кола. Некои го викат ебање, ние возење, некои друго и така натаму.
Е, сега детето разбрало што е ебање, што е кур, што е путка! Тоа одраснало на печеснаесе години. Тргнале неговите родители еднаш на бал. И девојчето тргнало со нив. Куа отишле таму, почнале да играт. Девојчето останало само да седи. Го здогледал некој младич и го поканил да играат. Девојчето играјќи забележило дека на момчето му била машната настрана. И му вели:
- Извините, ама курот ви е настрана!
Тој сега не може да се сети зошто таа зборува и почнува да а стега... А таа пак му вели:
- Извините, ама ќе ми е згужвате путката!
А тај уште толку се загрева и не знае што е тоа!
Е, завршил балот. Тргнале да си одат. Тргнале и родителите на девојчето. Младичот а отпратува од салата. И ја покажува својата кола и ѝ вели:
- Ако сакате, повелете!
- За колку ќе ме ебете во колата мене, мајка ми и татко ми? - му вика таа.
- Тебе и мајка ти ќе ве ебам така без пари а татко ти нека си оди пешки! - одговорило момчето.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни