Полицаецот: Ве молам возачките исправи. Возачот: Немам. Полицаецот: Лична карта? Возачот: Немам. Полицаецот: Пасош? Возачот: Немам. Полицаецот: Па добро што имаш? Возачот: Огледало. Полицаецот: Дај огледало. ...... Уф, па што не кажеш веднаш дека и ти си полицаец? (188)
Полицаецот: Ве молам, дувнете во ампулата. Возачот: Не можам. Боледувам од астма. Еве лекарско уверение. Полицаецот: Тогаш ќе мора во амбуланта да ви земеме крв за анализа. Возачот: Не може. Боледувам од хемофилија. Еве лекарско уверение. Полицаецот: Добро... тогаш одите право по работ од тротоарот 10-тина чекори. Возачот: Не можам. Пијан сум... (213)
Понеделник: Од собата се слушаат чудни звуци. Помалата сестра низ клучалката гледа како поголемата сестра, играјки со себе, мрмори: "Ох, ми треба машко. Ох, ми треба машко!" Вторник: Од собата се слушаат чудни звуци. Помалата сестра низ клучалката гледа како поголемата сестра, играјки со себе, мрмори: "Ох, ми треба машко. Ох, ми треба машко!" Среда: Од собата се слушаат чудни звуци. Помалата сестра низ клучалката гледа како поголемата сестра, играјки со некое машко, гласно дише и воздивнува. Четврток: Од собата се слушаат чудни звуци. Поголемата сестра низ клучалката гледа како помалата сестра, играјки со себе, мрмори: "Ох, ми треба барбика! Ох, ми треба велосипед!" (73)
Поради влажниот коловоз, некој возач се слизнал од патот во нивата крај патот. Се обидел да се врати назад, но поради калливиот терен само повеќе се заглавувал. Во соседната нива забележал селанец со трактор и го замолил да му помогне. -Може - рекол селанецот. - Само тоа ќе те чини 1.000 денари. -За две минути работа 1.000 денари. Па тоа е прескапо - негодувал возачот. -Ако е прескапо, остани каде што си - кратко коментирал селанецот. -Еве ти 1.000 денари - луто промрморел. - По овој кал можеш дење-ноќе да извлекуваш заглавени и да станеш милионер. -Ноќе не можам - рекол на крај селанецот. - Преку ноќта го полевам патот и нивата крај него! (229)
Порачал некој гостин во кафеана 15 ракии и ги испил за една минута. -Уф, не сум видел некој толку брзо да испие толку ракија - рекол келнерот. -И ти би пиел толку брзо, кога би го имал тоа што го имам јас - промрморил гостинот. -Е што е тоа што имаш ти? - прашал келнерот. -Имам само 50 денари - одговорил гостинот. (137)
-После бањањето ми умре мачката. -Кога? -Кога ја цедев. (253)
После возачкиот испит: Таа: Што направи? Положи? Тој: Паднав. Ме намести комисијата.. кај онаа кривина кај паркот. Таа: И мене ме намести комисијата... кај паркот... само, јас положив! (163)
После војната во Босна, Мујо останал без муда. Еден ден на Мујо веќе не му се живеело, се качил на една голема карпа и се спремал да скока. Ете ти го Хасо: - Што правиш бре Мујо, симнувај се, ќе се отепаш, гледај колку е високо. - А, бре Хасо, никој ваков не ме сака, сите жени бегаат од мене, не се живее вака. - Е стварно, во право си, скокај тогаш, што да ти кажам. После пола час ете ти го пак Хасо. - А бре Мујо, уште не си скокнал? - Е како да скокам, кога немам муда! (462)
После година дена на привремена работа во странство, се вратил Марко дома. Го дочекале роднините и пријателите, па кога сите си заминале и останал сам со жена си и рекол: -Спуштај ролетни, навлечи завеси и гаси светло. Како на млазен погон, зажелена за мажот, таа ги извршила овие работи и чекала растреперена. -Гледај каков сат сум ти купил - и рекол Марко во темницата. - Гледај како свети. Сега, пали светло да ти покажам како се менуваат батериите, како се штелува времето и датумот, како. (70)
После катастрофалниот пораз на сдсм, му било срам на Јани да шета низ град... ама морал до продавница да оди леб да си купи... Па така во понеделникот земал и се маскирал, ставил бркови и шешир и тргнал надвор... оди така и сретнува едан бабичка... бабичкава му вели... "ЈАНИ, ЈАНИ"! Јани сфатил дека го познале и избегал дома... Во вторникот пак се маскирал, овој пат уште повеќе... ставил шминка, перика... и пак тргнал накај продавница... оди и пак ја сретнува бабичката... а оваа пак "ЈАНИ, ЈАНИ". Се исплашил пак избегал дома ... Се маскирал тотално како друг човек, Боки 13... си ставил и шминка и перика и шешир.. да не може никој да го познае... оди накај продавницата и ете ја бабичката од таму доаѓа и вика... "ЈАНИ, ЈАНИ... Овој веќе се избезумил, кога бабичкава: НЕ БЕГАЈ БЕ... ЈАС СУМ ... ШЕМА ..." (1224)
После непреспана ноќ, плавушата го прашува партнерот: - Извини заборавив вчера да те прашам, да не имаш СИДА случајно? Не, и одговара тој, а што ти текна баш на сега на тоа? - Онака, само што ја прележав , па да не фатам пак! (417)
После подолго време дошол поп во некое градче. Се собрале полно луѓе за да се исповедаат. - Попе, јас 12 пати го мамев маж ми. Пресметува нешто попов и вика: - Ти забранувам 3 месеци да не водиш љубов! Влегува некоја друга жена. - Попе, јас 10 пати го мамев маж ми. После кратко пресметување. - Ти забранувам 1 месец да не водиш љубов! Влегува друга жена. - Попе, јас 10 ипол пати го мамев маж ми. Пресметува попов, смета и вика: - Ај оди доработи се, тешко ми одат дропки! (708)
После првата брачна ноќ жената му вели на Бил Гејтс: - Сега знам зошто те викат MICROSOFT. (822)
После првата брачна ноќ Трпана му вели на Трпе. - Да знаеш не ги исполни моите очекувања. - Е што можам, ти реков дека ќе ја исполнам празнината во твојот живот, од кај да знам дека толку е голема! (1096)
После првиот семестар на студии во големиот град, Трпана во своето село им раскажувала на другарките: -Нема да верувате. Таму има мажи што бакнуват други мажи! -Леле! Леле! - повикале другарките. -Нив ги викаат хомосексуалци. А има и жени кои бакнуваат други жени! -Леле! Леле! Како ги викаат нив? -Нив ги викаат лезбејки. А има и мажи кои бакнуваат жени меѓу нозете! -Леле! Леле! Како ги викаат нив. -Не знам. Јас кога ќе успеев некако да земам воздух, им викав... браво... токму таму! (79)
После првото венчавање на кое присуствувал, Трајче ја прашал мајка си: -Мамо, зошто невестата е облечена во бело? -Затоа што белата боја е боја на среќата. Венчалниот ден е најсреќниот ден во животот на жената - одговорила мајка му. -А зошто младоженецот е облечен во црно? (88)
После смртта, Слободан Милошевиќ оди во чистилиштето и се сретнува со Св. Петар кој му вика: - Кај тргна бре Слободане? Слободан, чврсто убеден, со нареднични став: - Во рајот, каде инаку? - Море каков рај, ти одиш право во пеколот! (Луто му одговорил Св. Петар) И Слободан отишол во пеколот. После неколку дена, некој тропа на вратата во рајот. Св. Петар отвара порти, и кога пред врата гледа комплет цела екипа ѓаволи од пеколот. -Каде бе вие, што е работата? (Ги прашал нервозно Св. Петар ѓаволите) - Бегалци! - одговориле ѓаволите. (590)
После страотна трка, полицаецот одвај успеал да го стигне возачот. Го легитимирал возачот, го проверил возилото, па го прашал: -Не разбирам. Не си пијан, во возилото немаш ништо сомнително. Зошто возеше како да те брка ѓаволот? -Господине, пред две недели жена ми побегна со еден полицаец, па си помислив дека сакаш да ми ја вратиш! (194)
После три месеци поминати во странство, се вратила некоја русокоса со нов мерцедес. Пријтелката ја прашала: -Како го зеде, на лизинг? -Помалку на лизинг а повеќе на пушинг! (50)
Потонал некој брод и се спасиле само Македонец и Памела Андерсон. Допливале до некој пуст остров и цело време јаделе и се работеле. После некое време Македонецов многу се растажил. Памела го прашува во што е работава. Овој вика: Ај стави вештачки бркови, и оваа ставила. Овој и ја става раката на рамо и.... - Леле земјак а бе ја утепав од работење оваа Памела Андерсон! (535)
Починал некој човек и чекајќи ред кај Свети Петар, забележал многу ѕидни часовници во ходникот. Кога дошол на ред го прашува Св.Петар: - А бе, што оволку часовници? - Е па според брзината на вртењето на казалките, гледам колку се краде во секоја земја. - А Македонија не ја гледам? - Е, часовникот за Македонија ми е во дневна, ми служи како вентилатор! (741)
Починал Серафим и стигнал пред небеските порти. Таму Свети Петар, гледа во некои тефтери и вели: -Серафиме, си грешел... не си плаќал правилно данок на додадена вредност. Сепак, доколку се согласиш да живееш три години со онаа дебела, грда и глупава госпоѓа и притоа, да уживаш, особено во сексот, имаш изгледи да стигнеш во рајот. Размислил Серафим - што се три години во споредба со вечноста во рајот - и се согласил. После првата секси сеанса, Серафим ја слушнал партнерката како тивко мрмори: - Не знам дали ќе можам да издржам три години... проклети даноци... проклети да се... (72)
Прашање: Koј е најточен пример за глобализација? Одговор: Смртта на принцезата Дијана. Прашање: Зошто? Одговор: Англиска принцеза со љубовник од Египет, прави судар во француски тунел, возејќи се во германски автомобил, кој го управувал белгиски возач,поднапиен со шкотско виски, следен од италијански папараци, на јапонски мотори. Ова е напишано од Македонец кој ја употребува технологијата на Бил Гејтс, а вие најверојатно го читате на компјутерсо тајвански процесор и корејски монитор. Е тоа е глобализација! (510)
Прашање: Ако од авион едновремено рипнат русокоса и црнокоса, која попрво ќе падне? Одговор: Црнокосата. Русокосата мода да праша за патот! (197)
Прашање: Во што е разликата помеѓу зеленото и црвеното светло на семафорот? Одговор: Во бојата. (244)
Прашање: Дали на тинејџерките им се менува гласот во пубертетот. Одговор: Да. Им се менува од не кон да. (206)
Прашање: Дали сте виделе некоја жена да следи маж на улица само затоа што има убави нозе? Одговор (со прашање): Кои се попаметни: мажите или жените? (155)
Прашање: Зошто ајкула не напаѓа адвокат? Одговор: Од колегијалност. (204)
Прашање: Зошто безбедноста при возење е поголема ако има повеќе русокоси? Одговор: Користат како воздушни перничиња. (251)
Прашање: Зошто во кино полицаецот седи во прв ред? Одговор: Прв да го види филмот. (187)
Прашање: Зошто Господ ги сосдал русокосите? Одговор: Затоа што овците не можеле да донесат пиво од фрижидер. (208)
Прашање: Зошто жените имаат повисок глас од мажите? Одговор: Затоа што главата им служи како резонантна кутија. (161)
Прашање: Зошто жените носат чевли со топуци? Одговор: Да не им се влечат јазиците по земја. (211)
Прашање: Зошто жените при водење љубов се замижани? Одговор: Фантазираат за шопинг. (49)
Прашање: Зошто полицаец во кафеана нарачува три кафиња? Одговор: Затоа што пие средно кафе. (144)
Прашање: Зошто полицаец со мокра крпа го кваси зидот? Одговор: Лекарот му рекол да става облоги таму кај што се удрил. (190)
Прашање: Зошто полицаецот носи капа? Одговор: Да не му падне нешто на памет. (198)
Прашање: Зошто русокоса стои пред огледало со затворени очи? Одговор: Сака да види како изгледа кога спие. (210)
Прашање: Каква е разликата меѓу виолинист и куче. Одговор: Кучето знае кога да престане да завива. (268)
Прашање: Каква е разликата помеѓу вампир и адвокат? Одговор: Вампирот пие крв само ноќе. (200)
Прашање: Какви последици оставаат грижите кај мажите и жените? Одговор: Кај мажите косата станува се побела а кај жените се поцрна... или поцрвена... или поруса... или... (149)
Прашање: Како жените со годините, ја менуваат својата претстава за идеалниот маж? Одговор: На 20 години: висок, црн и убав. На 30 години: висок, црн, убав и богат. На 40 години: висок, црн, убав, богат и умен. На 50 години: маж со коса. На 60 години: маж. (167)
Прашање: Како ќе симнеш адвокат од дрво? Одговор: Пресечи го јажето (201)
Прашање: Како полицаец лови риби? Одговор: ќе фати една, и ја тепа додека не признае каде се другите. (183)
Прашање: Како русокосата ја скршила ногата собирајки лисја? Одговор: Паднала од дрвото. (196)
Прашање: Како фригидна жена да најде задоволство во сексот? Одговор: При тоа треба да јаде торта. (77)
Прашање: Кога ќе отпочне реформата во високото Школство? Одговор: Кога Светите Кирил и Методија ќе завртат нов лист... на споменикот пред факултетите! (91)
Прашање: Кога полицаецот Миле сватил дека треба да влезе во Гинисовата книга на рекорди? Одговор: Откога успешно ги наредил коцките на синот за една година а на кутијата пишувало "од 2 до 4 години". (230)
Прашање: Кои се предностите на учењето над сексот? Одговор(и): -Во секој момент можеш да прекинеш и подоцна да продолжиш; -Можеш брзо да завршиш, без чувство на вина и срам; -Кога ќе отвориш книга, не се прашуваш кој бил тука прв; -Со малку кафе, можеш тоа да го правиш цела ноќ; -Не ти е незгодно ако те уловат родителите; -Ако за нешто не си сигурен, веднаш можеш некого да прашаш. (64)
Прашање: Која болест е најдобра? Одговор: Склероза. Нема болки а секој ден слушате нешто ново. (207)