Св. Недела. Средновековна црква. Со сондажното археолошко ископување извршено во 1972 година се откриени остатоци од еднокорабна црква со полукружна основа, градена од кршен камен и кал. Во темелите биле најдени византиски монети од XI-XII век.
Св. Петка. Средновековна црква со некропола. Во 1959 година, при изградбата на зградата на Стопанската банка биле откриени темели од црква и околу неа повеќе гробови.
Али Коч - Скочино. Населба и некропола од римското време. На околу 500 м западно од селото во правецот на езерото, во нивите на Панде Божиноски и Јонче Камбев, како и во соседните ниви, со земјоделските работи биле откривани остатоци од темели на…
Селиште. Средновековна црква со некропола. На околу 1 km источно од селото се наоѓаат урнатини од средновековна црква и околу неа гробови од камени плочи.
Св. Ѓорѓи. Осамен наод од римското време. Во црквата Св. Ѓорѓи се наоѓаат две надгробни плочи од мермер. Едната е вградена во подот со натписот свртена нагоре, а другата во западниот ѕид од надворешната страна. Оваа стела е со две полиња во кои…
Крш Полена. Вила рустика од римското време. На 1,5 km западно од селото и на 500 м од езерскиот брег, во бавчата на Никола Неловски биле откриени темели од објект со повеќе простории и хипокауст.
Кула. Утврдена населба од доцноантичкото време. На околу 500 м северно од селото има висок рид со доминантна положба на чие зарамнето плато се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал.
Сливница. Населба од римското време. Во текот на изградбата на селските куќи (на Цветко Наумовски, Јован Бошковски и други) биле откривани остатоци од темели на повеќе објекти. Денес на површината може да се видат фрагменти од керамички садови,…
Шуица. Средновековна црква и некропола. На растојание од околу 3 km југоисточно од селото се наоѓаат урнатини од мала црквичка и околу неа гробови со конструкции од камени плочи. Според темелот на северниот ѕид, кој јасно се оцртува, должината на…
Бела Црква. Депо на средновековни монети. Во нивата на С. Стојчески, која е оддалечена 2 km северно од селото, со земјоделските работи во 1961 година биле откриени 427 бакарни скифати од XII-XIII век. Во оваа нива во 1955 година било најдено уште…
Јане Дол. Осамен наод од доцноантичкото време. Во нивата на Тасе Крстевски, што се наоѓа во непосредната близина на Јане Дол, биле откопани три питоса.
Св. Никола. Осамен наод од римското време, средновековна црква со некропола. При изградбата на новата црква Св. Никола, која се наоѓа 1 km јужно од селото, биле откриени темели од постара црква. Во олтарниот дел на црквата е најдена мермерна плоча со…
Трно Нива. Населба од римското време. На 2 km југоисточно од селото, лево од патот за селото Козјак се наоѓаат нивите на Јордан Венцов и Крсте Тасевски со површина од неколку хектари, во кои се наоѓаат фрагменти од керамички садови и градежен…
Кула. Средновековна тврдина. На 1 km југозападно од летувалиштето Царина има висок рид со зарамнето плато на кое се забележуваат остатоци од средновековна тврдина.
Лозјата. Населба од неолитското време. По површините на селските лозја, кои лежат 2 km западно од селото, се забележуваат фрагменти од керамички садови и голем број орудија од камен и кремен.
Певчиња (Градиште — Варпици). Населба и некропола од римското време. На брегот на езерото, на околу 500 м југоисточно од селото, со експлоатацијата на песок од страна на градежните претпријатија биле откривани темели од објекти и гробови од големи…
Св. Атанас. Старохристијанска црква. На околу 1 km јужно од селото, крај патот за селото Коњско се наоѓа црквата Св. Атанас, подигната во XVIII век. При трасирањето на патот што поминува крај самата црква биле откриени остатоци од постар објект —…
Четкарица. Населба од доцноантичкото време. На 1,5 km северозападно од селото по површините на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал.
Трафостаница. Средновековна некропола. На излезот од летувалиштето Царина кон селото Стење, во 1950 година, кога се градела трафостаницата, биле откриени неколку гробови со ориентација запад-исток и во нив биле најдени бронзен крст, прстен со врежана…
Грамада. Населба од доцноантичкото време. Се наоѓа на западниот раб на селото, на една блага падина што се спушта кон брегот на езерото. Со изградбата на асфалтниот пат локалитетот е пресечен на два дела. Во нивата на Јордан Василев со земјоделските…