Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата Св. Петар и Павле, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на Св. Атанасиј Велики. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна.…
Во селото или во неговата непосредна околина, се лоцирани неколку цркви кои речиси сите без исклучок се обновени во поново време. Во горниот источен дел се наоѓа куполната еднокорабна црква Успение на Св. Богородица. Помалите параклиси се посветени…
Оваа мала еднокорабна црква е сместена во источниот дел од Љубојно. Несомнено дека врз неа се вршени повеќе преправки, во различни временски периоди, се до најново време. Црквата има полукружна апсида на исток и единствен влез од западната страна. На…
Црквата Успение на Св. Богородица се наоѓа над денешното село Долно Дупени, во просторот кој помеѓу мештаните е познат како Горно Село. До светилиштето се доаѓа со пешачење по земјениот шумски пат, во времетраење од околу 30 – 40 минути, почнувајќи…
Југозападно од црквата Св. Богородица, на растојание од околу 1 км., се наоѓа црквата Св. Атанасиј. Во нејзината непосредна околина, низ обраснатиот предел, се распознаваат остатоци од темели на објекти, како и стари гробови. Храмот претставува…