Св. Илија. Средновековна црква и некропола. На јужната страна од селото се издига тераса која благо се спушта кон запад и доминира над околниот терен. На западниот крај на терасата се гледаат остатоци од некропола и црква што била посветена на св.…
Кобел. Населба од доцноантичкото време. На 500 м од селото, од двете страни на патот кон езерото, во нивите на Славе Дудумоски при обработувањето на земјата се откриени темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови,…
Анче. Рибарска населба од хелеинстичкото време. На околу 500 м северно од автокампот на летувалиштето Крани, со опаѓањето на нивото на Преспанско Езеро, во 1989 година, на површина од околу 300 х 100 м се појавиле повеќе пунктови со остатоци од…
Старо Село. Средновековна црква и некропола. Јужно од селото, во непосредната близина на езерскиот брег се откриени гробови градени од камени плочи. Според кажувањето на мештаните, при понизок водостој се појавувале и темели од објект, можеби од…
Голем Град - Остров. Населба од неолитското, хеленистичкото и римското време, некропола од римското време и средниот век. Се наоѓа во југозападниот дел на Преспанско Езеро, на граничната тромеѓа со Грција и Албанија. Има површина од 18 хектара и…
Бљудо. Средновековна населба, црква и некропола. Северно од селото, на мала височинка што се извишува над езерото, при обработувањето на земјата мештаните наидувале на темели од објекти. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови,…
Козјак. Осамен наод од римското време. Во куќата на Благоја Котлароски од Ресен се наоѓа вотивна мермерна плоча која била донесена од селото Козјак, од непознат локалитет. На плочата е претставен Аполон кој во десната рака држи тирс, а во левата…
Гробишта. Средновековна некропола. Покрај реката во селото се гледаат остатоци од гробни конструкции градени од камени плочи, со ориентација истокзапад.
Горна Маала. Населба и некропола од римското време и средниот век. На околу 1 km источно од селото и 1 km јужно од месноста Макази, на голема површина, што зафаќа простор од 100 m во должина и околу 300 м во ширина, се среќаваат фрагменти од…
Св. Атанасија. Средновековна некропола. Bо непосредната близина на селото, на југоисточната страна се гледаат остатоци од гробови покриени со камени плочи од кои некои се должи и до 3 м.
Јамиште. Пат од римското време. Северозападно од селото, во нивата на Трајан Трајкоски се откриени камени плочи редени една до друга. Најверојатно се работи за остатоци од античкиот пат Via Egnatia.
Гимбабица. Некропола од хеленистичкото време. Северно од селото, при реконструкцијата на патот Ресен-Охрид, во 1953 година се откриени неколку гробови. Во гробовите биле најдени два целосно зачувани кантароса и една чинија. Кантаросите се со црн…
Слатина. Населба од доцноантичкото време. На десната страна од патот за Ресен, на 2,5-3 km јужно од селото, на блага падина што се спушта кон запад, при обработувањето на нивите мештаните откриле темели од објекти ѕидани од кршен камен и кал. По…
Далечна Црква. Средновековна црква и некропола. На источната периферија на селото, кај селските гробишта, според кажувањето на мештаните, постоеле постари гробови градени од камени плочи. Исто така, биле откриени и темели од црква со мали димензии,…
Грмада. Населба од хеленистичкото време и црква од средниот век. На 2 km јужно од селото, покрај брегот на Преспанско Езеро, на простор од 100 х 250 м по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови. Се гледаат остатоци од објекти градени од…
Св. Спас. Средновековна црква. Југозападно од селото, на десниот брег на Елечка Река, на мало зарамнето плато се наоѓаат остатоци од урнатини на мала црквичка, позната кај мештаните под името Св. Спас.
Кале. Средновековна утврдена населба. На 5 km североисточно од селото, на висок рид со зарамнето плато што се издига над Кошарска Река и Источка Река, на поголем тешко пристапен простор се гледаат остатоци од утврдена населба. Откриени се ѕидови на…
Исток. Средновековна црква. На околу 7-8 km од селото, во подножјето на врвот Исток, во месностите Долни и Горни Колиби се гледаат остатоци од разурнати цркви, распостранети од левата и десната страна на Источка Река. Црквичката во Горни Колиби била…