Македонски клетви, стари и модерни
"Да даде Господ..."
Македонски клетви, стари и модерни.
- 99 дена на диета да си, 99 кила да качиш!
- Аир да не видиш.
- Аир да не сториш.
- Аир да немаш.
- Аир никогаш да не видиш.
- Ај да би волците го изеле, на некоја раскрсница.
- Ај да би пците го изеле.
- Ај да би чумане те удрило.
- Ај да остареиш и со стребрени лајци да сркаш.
- Акнал та пукнал.
- Акнало па не викнало.
- Амди Бајрам на децата ти часови по математика да им држи.
- Антерија на грбо да нема.
- Арам да ти е.
- Арам да ти е лебо.
- Арам да ти е младоста.
- Арам да ти е млекото.
- Арам и крв да ти се стори.
- Бапки да му излезат на очите.
- Без мене да неможеш да спиеш.
- Бел ден да не видиш.
- Бело Море и Црно да обидиш, па аир и бериќет да не видиш.
- Бивол да те дигне на роговите.
- Бившиот дечко без пудра да те види!
- Божиќ да не го втасаш.
- Болка да те изеј.
- Болка да те фати и да не те пушти.
- Брзата помош такси да ти биде.
- Бујцата и чумата да го удрит, та да го откопачит.
- Буниште да го затрупа.
- В земја да влезиш.
- В казан да вриеш.
- Во исто време да те фати пролив и кивавица.
- Во коли да ве однесат, арно да не видите.
- Во црна земја да изгниеш.
- Вода да те удави.
- Вонземјани од одмор во Охрид да те земат!
- Вооко да те истури.
- Вошките да те изедат.
- Враго да те изеј.
- Вратна коска да му излезе.
- Врати да си го скимиш.
- Вркач да те вркни.
- Г'з и гла наедно да се собериш.
- Гаките што вчера и ги купи на жена ти утре брат ти да и ги соблече.
- Гарван очите да ти испие.
- Гладен да умриш.
- Госпо да те земи.
- Госпо да те удри.
- Госпо да те фати.
- Госпо да ти го дојси.
- Господи да не осуниш.
- Господи, кукајца да те вида.
- Гуски и орли дапасит со тапан.
- Да би аир видела што ми додеваш толку.
- Да би не треснала што не ме послуша.
- Да би попои на главата му викнале.
- Да би треснал треснатику.
- Да бидеш вечен роб на моето срце.
- Да ви се испусти името.
- Да ви умре најмилото.
- Да даде бог да ти се врзе јазикот, та збор да не зуцнеш, нем да оди довека.
- Да даде Бок на чивутин борчлија да бидеш.
- Да даде Господ да не се стемниш.
- Да даде Господ, да родиш дете без коски, цел живот како пача низ куќа да го собираш.
- Да даде Господ, децата на мене да ти личат.
- Да дај Господ никогаш да не свршиш.
- Да дај господ цел живот првут да имаш.
- Да добиеш 7-мица на лото и да го изгубиш ливчето.
- Да добиеш 7ца на лото па да го изгубиш ливчето .
- Да добиеш наградно патување 3 месеци со Боки 13.
- Да имаш 3 хектари тутун, а женати на комшијата да му го пуши. (тутунот).
- Да имаш 5 женски деца, па цел живот да работиш за тампони.
- Да ме бараш преку "Sve za ljubav".
- Да ме сакаш коа јас тебе нема да те сакам.
- Да ми дозволиш да го зеам твојот живот во мои раце.
- Да ми истечат обете очи ако те лажам.
- Да ми пишуваш писма (пораки) на кои вечно ке се смеаам.
- Да ми пукнат обете очи ако те лажам.
- Да му тури син му на огништето вода и да го остави сиромав довека, синот да го отера во пропаст.
- Да му умре козата на комшијата.
- Да не видиш бел ден.
- Да не кукниш.
- Да не прокопсаш.
- Да не се вратиш.
- Да не осуниш.
- Да не се роди.
- Да не цвикниш.
- Да немаш очи во глата.
- Да онемееш.
- Да ослепам ако лажам.
- Да отидеш во некој хотел кај шо WiFi-то не дофаќа до вецето!
- Да питаш, та да се раниш, сиромаштија, беда, за леб да нема.
- Да пукнеш како смартфон на плочки!
- Да пукниш.
- Да пцојсаш.
- Да се заљубиш у лажен профил.
- Да се испустиш.
- Да се мааш на мостот.
- Да се обесиш насуа врба.
- Да се поевреиш.
- Да се поеѓупчиш.
- Да се превртуваш во гробот.
- Да се скапи, огин да го изгори, се посакува смрт.
- Да се удавиш во расолица.
- Да се удавиш додека те ранат на инфузија.
- Да се удајш.
- Да си вечен зависник од мојата љубов.
- Да сум ти во мислите секогаш.
- Да сум ти потребна како дрога.
- Да те закопат со газот на надвор, лугето велосипедите да си ги паркират во него.
- Да те згази кола на Брза Помош.
- Да те мане гром додека береш коприви.
- Да те тресни Госпо.
- Да те фане клечавицата (пролив).
- Да те фати пролив во приградски автобус.
- Да те фати пролив во сред нива полна со коприви.
- Да ти дава секоја,а да не ти се дига на никоја.
- Да ти даде Госпот краста и орлови нокти, та да се драпаш.
- Да ти излезе ељмеџето.
- Да ти паднат ноктите а да имаш шуга и не можеш да се исчешаш.
- Да ти се дупне гумата од колата кога ќе идеш на одмор.
- Да ти се запусти името.
- Да ти се искриви на тилот.
- Да ти се испусти името.
- Да ти се исушат рацете и нозете.
- Да ти се скине кондомот сред се*с.
- Да ти се скини чорапот на раскрсница.
- Да ти се удави детето во расолница.
- Да ти се удави детето во расолница.
- Да ти се удајт швалерот во расолница.
- да ти тресни глаата.
- Да тресниш.
- Даби куршум не те удрил.
- Дамла да те удри.
- Двете страни на перницата да ти бидат излигавени!
- Девет деца да имаш, едно да ти остане и тоа лијаво.
- Девојка ти во Фотошоп да ти се средува!
- Дека ојш да не вратиш.
- Десет деца да имаш, сите од различни раси и вероисповеди да ти бидат.
- Децата во зегин да ти се хранат.
- Децата во рикверц да ти идат.
- Децата да ти играат џамлии на минско поле.
- Децата да ти играт на струјно коло.
- Децата да ти одат две напред три назад.
- Децата да ти работат на батерии.
- Децата на комшијата да ти личат.
- Децата на мене да ти личет.
- Децата од среќа да ти рипнат у бунаро на комшијата.
- Дечињата во еден гроб да си и закопаш.
- Дечко ти да свршува за 2 минути.
- Дома да не умриш.
- Дијоптерот да ти се зголеми.
- Душата од носо да ти излези.
- Жаба да го помоча.
- Жаби да му лазаат по меот.
- Жаби да му лазаат по меот.
- Жан Митрев матичен да ти биде.
- Жена да не видиш.
- Жена ти да роди стоногалка, па цел живот да работиш за чевли.
- Жена ти како дрво цреша да е па сите на неа да се качуваат.
- Жена ти наместо фарба за коса да употреби депил крема.
- За кур да страдаш, од кур да загиниш.
- За твое дете лек да нема, клетва за некој кој одбил да му помогне.
- Заби да ти паднат, само еден да ти остане, и тој да те боли.
- Земја да не ме прими, ако те лажам.
- Земјата да не те прибери.
- Змија да те касни.
- Ѕвесдата да ти се угаси.
- Јазико да ми ти онемеит.
- Јазико да си покасаш.
- Јазико да ти се исуши.
- Јаникарата црна да те удри прао по срце и да те искомати парче по парче.
- Камен врз камен, дрво врз дрво, да не му остане, да му се растури куќата.
- Камен да јаде та да се најаде.
- Камен да станиш.
- Камење и дрвја да те бијат по глаа.
- Катарата да те изеј.
- Ќерка ти да ти биде курва.
- Клучевите да ти паднат на сред геј парада.
- Кој е крив Госпо да го искриви.
- Кој е венчал, тој да не крстиа.
- Кој ме мрази, шлепер да го згази.
- Колко прав на тапан, толко аир да видиш.
- Колку прав на тапан аир да имаш.
- Колку шо су го видела, толку сонце да го виде.
- Корен да ти се откорни.
- Корен и спомен од тебе да не остани.
- Краста да те изеј.
- Куќа да ти угасни.
- Кур да те стрефи.
- Куршум да те изгори.
- Куќе глаата да ти гризи.
- Лајк да не видиш!
- Ламја да те изеј.
- Леб да не се најајш.
- Лебо да ти ги фати очите.
- Лошо да те нај.
- Магла да те смети.
- Маж ти да те вара со некој дечко.
- Мај да те опали.
- Мајка ти да прдне на родителска.
- Мајка ти да те препознае во гулаш.
- Мајка ти да те препознае на бандера.
- Мајка ти ладен да те бакне.
- Мајка ти на конзерва од паштета да те види.
- Милиони да имаш, и сите за даноци да ги дадеш!
- Милост да немаш во куќата.
- Молњата и ровјата да те удрат и на два комата да те сторат.
- Молчи да би онемел.
- Мома да не те земе, да е ерген цел живот.
- На глаа да ти се врни.
- На жена ти да и купуваш гаќи, а комшијата да и ги соблечува.
- На јоже да те вида обесен.
- На поото душата да ти излези.
- На старост радост да не видиш.
- На состанок да прднеш.
- На твојата свадба пролиф да имаш.
- На чивутин борчлија да бидеш.
- Никаде да не се завртиш.
- Никогаш да не ти стане.
- Никогаш повеке слатко да се насмееш.
- Нож да те исечи.
- Ноќе да те буди мојот лик.
- Обвинител во банката да ти влезе!
- Обете очи да ти излезат.
- Оваа недеља млада невестица, до недеља млада удовица, догодина моја вереница.
- Оган да те изгори.
- Огин да го запале, вода да го однесе.
- Од вежби аир да не видиш!
- Од комуналец гроб да неможат да ти најдат и твоите од беда у бавчата у дворот да те закопаат.
- Од куршум да не куртулиш.
- Од лошо да не куртулиш.
- Од менстурација да се удавиш.
- Од оган и и вода да не куртулиш.
- Од сите клетви пишани од ниедна да не куртулиш.
- Оргазам да не знаеш што е.
- Орли да те окубат, дамла да те вргнет.
- Орли и врани да те из едат.
- Орли со тапан да пасиш и да не се раниш.
- Орлите да те изеде.
- Орлите и враните и пците да те искинат на некоја раскрсница.
- Орман и бели камење да ватиш.
- Отрув да ти се стори лебо.
- Очите да си ѝ извадиш.
- Офтека да те изеј.
- Панукла да те сточи.
- Пепел да се сториш.
- Петел в куќа да не ти запее.
- Петел ти пеал на самарот.
- Пипер му во носот, гламна му во г`зот.
- По гол газ да се влечиш.
- Поарно камен да се родеше.
- Пожарникари дома оро да ти играат.
- Полицајци со креда да те цртаат по асвалтот.
- Прав и пепел да се сториш.
- Прав и пепел да станиш.
- Приш да те удрит.
- Проклет да бидиш, аир и бериќет да не видиш.
- Проклет да се сториш.
- Проклет да си.
- Пукни, па тресни.
- Пуст да останиш.
- Пуста да бараш.
- Раката да ти се исуши.
- Река да те крени.
- Риба да го глтне.
- Рисјанин да не сум ако те лажам.
- Ристос да те заколи.
- Ровја да те мавнит.
- Рофјата да го рофјоса, да на дно в земи да го втерат.
- Рофја да те удри.
- Само на некролог да се смееш.
- Само притисокот и хорестеролот да ти се дигаат.
- Свекрва ти да живее 150 години.
- Сега свадба правиш, догодина умрешка правиш, татко ја проколнал својата ќерка бегалка.
- Света недела да те заколи.
- Свешта на гробо да нема кој да ти запали.
- Силиконот да ти пукне!
- Син ти дома, зет да ти донесе.
- Сите да плачат само попот да ти пее.
- Сите деца во еден гроб да ги стави, се посакува смрт на потомците, една од потешките клетви.
- Сите заби да ти паднат, само еден да ти остане,и тој да те боли!
- Сите пари на свеки да ги дадеш.
- Слеп и ќор да те видам.
- Слепа и ќора да бараш.
- Смртта да те пресретит.
- Со Вeлија Рамковски ортак да станеш!
- Со лажичка од асвалт да те собираат.
- Солзната вечно да ти биде во окото.
- Сонце да не те огрее.
- Среќата на прагот да ти стои.
- Срце да те изеј.
- Срце да те фати, на пото да останиш.
- Срце и болест да те изеј.
- Страчка очите да ти ѝ испие.
- Струјомерот дома да ти врти како таксиметарот.
- Сува да ти е цел живот пичката.
- Тамо коските да и фрлич.
- татко да ти биде Ајнштајн и да имаш мајка плавуша и да бидеш убав на татко ти, а паметен на мајка ти.
- Твојата девојка да е како гранд кафе мирисна вкусна и ефтина.
- Ти мене еднаш, тебе Бог сто пати, злото да му се врати.
- Трактор да те исшлајфа.
- Треска да те треси.
- Тригодишна треска да го фане, болест и страдање.
- У каленица да збира, та да се ране.
- У чоека леб да јадиш, у тебе ни кучињата да не каснат.
- Улаф да те вида.
- Ум во глаата да немаш.
- Утрешна да те заколи.
- Фамилијата да ти се испусти.
- Фригидна да си, да не ти се навлажни ниту еднаш.
- Хирург да те отвори.
- Цел живот на некој Амин да му велиш.
- Цереата да ти се истуре по пото.
- Црвен те опсучил.
- Црви да изедат.
- Црви да те јадет.
- Црева да јаде, крв да сере.
- Црна земја да те земи.
- Црнци голи да ти се шетаат по дома.
- Чума да те отепа.
- Чумата да ја удри.
- Чумо, дека одеш, каде шеташ, што не дојдеш да го грабниш.
- Џебовите да ти се полни со пари а да нема со шо да ги извадиш.
- Шваљерката трудна да ти остане.
- Шминките да ти се исушат!
- Штиклата да ти се скршит.