Македонски пословици и поговорки

Конкорданс | Класификација (на англиски) |

Почеток | Назад | Напред | Крај
Пословица Број
Ќе му и плати парите лани на лук брање. 6386
Ќе му и плати парите лани на Петроен. 6387
Ќе му стоит празен меот. 6388
Ќе пости кога нема што да јади. 6389
Ќе пројде како пците на Василица. 9053
Ќе прокопса лошио, ама кога ќе му никни на ќосо брада. 6390
Ќе прокопса, ама по смртта, или кога ќе си го видам тилот. 6391
Ќе пропиштите и вие како змија под пенушка. 9054
Ќе пукнит од мака како костен во пуза. 6392
Ќе се завалка грнето, ќе си го најде поклопчето. 9055
Ќе се запие кавгаџијата за чоека како некоја пијаица. 6393
Ќе се лути, лути и ќе се одлути. 9056
Ќе се најде и за твојата вреќа закрпа. 9057
Ќе се плаќаат до врева. 6394
Ќе си го лизни страмот како Еѓупче мрсул. 6395
Ќе си даит како поп. 6396
Ќе си даит клучеите, како што го гледам. 6397
Ќе си дојде на годините, ќе му легне умот. 9058
Ќе си седиш мадро како поп. 9059
Ќе слезе Мурто, ќе се качи Курто. 9060
Ќе соберит дом колку тъпан прав. 3694
Ќе т' опитат староста, ке ти била младоста. 3695
Ќе те јада како алва на Прочка. 9061
Ќе течит рекана ке шчо текла. 3696
Ќе траит алиштето од Бадник до Бадник. 6398
Ќе траит од новина до погибел. 6399
Ќе треснам ко орев на камен. 3697
Ќе туркате ѕидот со глава. 9062
Ќе чука дури железото е жешко. 9063
Ќелава брада — лесна за бричење. 8435
Ќешке да не се родеше Јуда одошто го предаде Христа. 6400
Ќило фрли, кутел најди. 3698
Ќириџија — абанџија, ти си му прв комшија. 8436
Ќисело било грозјето зашчо не го дофтасвела лисицата. 3699
Ќор дал, слеп зел. 3700
Ќотекот разум за будалиот. 10482
Лага река не гази. 5152
Лагата е ѓаолцка. 5153
Лагата е колната од Бога. 5154
Лагата е краста. 5155
Лагата е плитка. 5156
Лагата куса ја има ногата. 5157
Лагата поарно ја веруаат одошто вистината. 5158
Лаги со рогои. 5159
Лаги ти продаат, со опашки. 5160
Ладна сенка — гладна дупка. 5161
Ладна сенка, гладна душа. 10359
Лаж и скржав веднаш се погодуаат во пазаро. 5162
Лажа река не гази. 7606
Лажата врх има, корен нема. 7607
Лажгото има добро памтење. 9934
Лажи - Богоројца не биди. 5163
Лажи го дека му наметнеш оглавта. 7608
Лажи ме да те лажам, бре брате. 5164
Лажи — мажи. 7609
Лажи, шчерко, кој ќе лажеш: и маќа е момувала, и маќа врагувала. 7610
Лажит како некој Евреин. 5165
Лажичник и газичник се познаа. 5166
Лажлив поп сеедно да кажуат за Бога, никој не го веруат. 5167
Лажлив човек и право да кажува, никој не го верува. 7611
Лажлив чоек и прао да кажуат, никој не го веруат. 5168
Лажот и сам себе не се веруат, камоли другога. 5169
Лажот и сам себе се лажит. 5170
Лажот лажит како Еѓупка. 5171
Лаит песот за да си брани комато. 5172
Лајна гљај да не късниш, та за влакно ако. 1827
Лајна го раниш, ама лајна и ќе јадеш. 7612
Лајната под гъзот падинет. 1828
Лајт на ѕвездине. 1829
Лајт на месечинана. 1830
Лајт по господа. 1831
Лаком газ крв сери. 8610
Лаком газ не е газ. 7613
Лаком гъз, крв серит. 1832
Ламба без газје и фитиле не гори. 7614
Ламја си за јадење, а за работење мрава. 5173
Ламјата го пие бериќетот кога не се раѓа. 5174
Лани баба умрела, годинава се свапирила. 5175
Лани баба умрела, годинава се смрдела. 5176
Лани бев на туѓина, годинава не сум дома. 5177
Лани горела, а са смрдела. 7615
Лани куќи изгореле, годинава посмрделе. 1833
Ланската година ја бараме годинава, а годинашнава в година. 5178
Ластојце, грамотнице, на ти сино и зелено, дај ми бело и црвено. 1834
Лачи го лозјето да ти уздреи грозјето. 5179
Леб без квас не бижцат. 1835
Леб без мътика немат. 1836
Леб и вода е најарна рана. 5180
Леб и сол - Божи блаосов. 5181
Леб и сол што дал Господ. 9109
Леб по земја не се фрла — греота е. 7616
Леб со нога не се кашка, оти е греота. 5182
Лебот е поблаг кога е заработан. 1837
Лебот со сълзи го јајт. 1838
Лева рака — десен џеб. 7617
Легвит со кокошкине, ама станвит со петлине. 1839
Легвит со кокошкине. 1840
Легнал на колк како бег. 5183
Легни му да те гази. 9110
Легни, стани, господи брани. 1841
Лежи, лебу да те јадам. 5184
Лежит мрзливион како некој умрен. 5185
Лежит мрзливион на плеќи и чекат нешто од Бога да му паднит. 5186
Лек да са фате! - се вели кога ќе се плати лекот. 9112
Лекот е за една пара, ама кој не го знаит алтан дават. 9113
Лекот е за пара, ама кој го знъјт. 1842
Лекот ет за една пара, а кој не го знаи, алт'н дават. 5187
Лекот ет за една пара, ама кој го знаит? 5188
Лели имам женска челад и со црниот ѓавол ќе се сосвата. 9114
Лели ме турнал Господ, и вредно и невредно ќе ме туркат. 5189
Лели мрциново, па мрциново. 9115
Лели сум сиромав, никој ме неќит. 5190
Лели сум сиромав, никој род немам. 5191
Лели те сака главата, опашката што ќе прави. 9116
Лен благо не јајт. 1843
Ленивата рака доноси сиромашчија. 7619
Леноста е мајка на сите лошоти. 1844
Лесен е во глана. 1845
Лесен е во умон. 1846
Лесен е под капана. 1847
Лесен ет будалата во умот. 5192
Лесен ум, јаки ноѕе. 1848
Лесен, дури со суи штици. 5193
Лесен, лесен, дури однесен. 5194
Лесица вов вреќа не влази. 7620
Лесица вов вреќа се не продава. 7621
Лесичка правина — права како важе в торба. 7622
Лесно е да бидиш арен со чужџо арно. 1849
Лесно е да бидиш на гото дете татко. 1850
Лесно е да зборвиш, ама тешко е да сториш. 1851
Лесно е да имаш, тешко е да чуваш. 1852
Лесно е да се зборвит, ама тешко е да се работат. 1853
Лесно е да се научиш, ама тешко е да се одучиш. 1854
Лесно е да се прајш на гото дете татко. 1855
Лесно е да се разболиш, тешко е да оздравееш. 7623
Лесно е да фалиш пости со пълн мев. 1856
Лесно е некој да се кити со туѓи перја, ама тешко е да лета. 9483
Лесно е покрај чаша јунак да бидиш. 1857
Лесно иде, ама тешко си оди болеста. 9117
Лесно му е на богатиот. 1858
Лесно се велит, ама тешко се одвељвит. 1859
Лесно се разболуваш ама тешко оздравуваш. 9118
Лесно се фрљат каменот в бунар, ама тешко се изват од бунар. 1860
Летај ако сакаш по облаци, и пак не можиш да се вкачиш на небеси. 5195
Лете без кожув, а зиме без леб не оди, рекол овчарот. 1861
Лете да си куче, зиме да си мачка. 7624
Лете зелено — зиме бело. 5196
Лете има на секоја лединка и лебинка. 5197
Лете кој лежи под сенка, зиме под стреа. 5198
Лете кој седи под сенка, симе под стреа. 9935
Лете ладува, зиме гладува. 7625
Лете не оди без качул, а зиме без јужина. 7626
Лете работат и мравките. 5199
Лете рај, зима вечна. 5200
Летен измиќар — зимен господар. 7627
Летна лепешка — зимна понада. 5201
Летна пилето, остана празно седелото. 5202
Летно време и на трн колак бива. 7628
Летно ѓубренце, зимна понада. 9119
Летно лајно, зимна понада. 1862
Лето без горештина не бидуа. 5204
Лето дојде, зимата си отиде. 5205
Лето за сиромаси, а зимо за богати. 5206
Лето — пресно млеко; а зима — лута змија. 5203
Летоска господар, зимоска слуга. 9936
Летото бргу поминвит. 1863
Летото лита, ама да има кој да го фане. 7630
Лижисаанка девојка — измеќарка ќе бидит довека. 5207
Лилјако ноќе излегуат и ноќе се криет, како да ет борчлија на Евреите колку страв имат. 5208
Лимон којшто јадит, малку ќе се начумерит. 5209
Лисица два пъти не се фашчат в стъпица. 1864
Лисица на пазар не ојт. 1865
Лисицата и аџиица да биди, пак кокошки ќе јадит. 5210
Лисицата и калугерка да се сторит, не пушчај ја меѓу кокошките. 1866
Лисицата се ватила в стапица, и пак во кокошките гледат. 5211
Лисјето на дрвјата му се душата. 5212
Лице од лице се страмит. 5213
Лице пичка продава. 7631
Лицево ми се смејт, срцево ми плачит. 1867
Лицем светци, срцем вълци. 1868
Лицето го покажуа срцето. 5214
Лицето го продаа девојчето. 5215
Лицето од месо му го напрај. 1869
Личит ла петелот. 1870
Лична жена не се пушчат сама на свадба. 1871
Личната мома се големеит со личотата. 5216
Личната мома со личотата се продаа. 5217
Лов да лоиш, ден да губиш. 5218
Ловџија ако бидиш, дуќан не можиш да држиш. 5219
Лозјето не сакат молитва, туку мътика. 1872
Лозјето сака мотика, неќи молитва. 5220
Лош јазик што не можи да сторит? 5222
Лош комшија големо лошо. 1873
Лош коњ од камџик не разбират. 1874
Лош почеток, добар крај. 9121
Лош ум, готов суд. 1875
Лоша е таа птица што се погани во своето гнездо. 9937
Лоша жена — вечна мъка. 1876
Лоша мачка глувци ваќа. 5224
Лоша мома, ама арен касмет. 7632
Лоша рана оздравува — тешка дума не се заборавја. 7633
Лоша спастра, готва змија. 1877
Лоша стреќа нема, ами пак луѓето се плашат. 5223
Лошата дума под'го се павни. 7634
Лошата жена късат полошо од љута змија. 1878
Лошата кучка го вардит селото. 1879
Лошата момичка арен късмед имат, а арната лош. 1880
Лошата момичка арен късмед имат. 1881
Лошата пљага заздравјат, ама лошјот збор не се за бора. 1882
Лошата погача поарен пријател ќе пречекат. 1883
Лошата уста сешчо мојт да речит. 1884
Лоши арни, наши сме. 10585
Лоши и се на момето веѓите, ама чесни и се збороите. 5225
Лошио пес нито ја гризит коската, нито ја остават. 5226
Лошио пес овци можит да 'и варнит. 5221
Лошио чоек ако ти се ватит за полата, сечи ја и остај му ја в рака. 5227
Лошио чоек добро утро да ти речит, зијан ќе те најдит. 5228
Лошио чоек змија не го јадит. 5229
Лошио чоек и аџија да бидит, пак лош ќе бидит. 5230
Лошио чоек и владика да бидит, пак лош ќе бидит. 5231
Лошио чоек и од ѓаолот не се страшит. 5232
Лошио чоек и светец да бидит, пак ќе згрешит. 5233
Лошио чоек кај ќе се прибери, се зијан ќе сторит. 5234
Лошио чоек кај ќе стапит, трева не ќе никиит. 5235
Лошио чоек кога ќе умрит, ќе се смирит. 5236
Лошио чоек рогои немат: и тој е чоек. 5237
Лошите вести патуваат бргу. 9939
Лошите закони не траат долго. 9938
Лошите луѓе секој 'и неќит. 5238
Лошјот и од бога е белезан. 1885
Лошо е да не знъјш, а да мислиш оту знъјш. 1886
Лошо е да не знъјш, а не е лошо да опиташ. 1887
Лошо зафашчање, лош крај. 1888
Лошо праел, арно никогаш не видел. 1889
Лошото време се поправа, лошиот човек никогаш. 8618
Лошото донесуа уште полошо. 5239
Лошото куче ни само је јајт коската, ни на друго је дат. 1890
Лошото лесно идет, ама лесно не си ојт. 1891
Лошото лошо ражџа. 7635
Лошото ни ора ни копа само греди. 9122
Лошото никој го неќе. 7636
Лошото поеќе чоек го паметуа одошто доброто. 5240
Лошото само си дооди. 7637
Лошото се слушат подалеку од арното. 1892
Луд газ — луди рани. 7639
Луд газ, пресна рана. 9940
Луда коза — пресни рани. 7638
Лудост младост, матна река. 9123
Луѓето лесно веруваат во тоа што го сакаат. 9941
Луѓето сет врзани со ал'шверишо како алките од синџиро. 5241
Луѓето трева не пасат, ами луѓе пасат. 5242
Лут ако си, секој од тебе ќе се плаши. 5243
Лут каке ѕвер. 5244
Лут како дива свиња. 5245
Лут како пипер. 5246
Лут чоек пријател не држит. 5247
Лути се, карај се, ако криво зборуаш, никој не те поткрепуа. 5248
Лутината е ѓаолцка. 5249
Лутината е на ѓаола молитва. 5250
Лутината е огон од вечната мака. 5251
Лутината е половина улавчина. 7640
Лутината ет полојна на улавштина. 5252
Лутината многу пакос сторила. 5253
Лутио чоек ет орди-озан. 5254
Лутио чоек ет тури-леќе. 5255
Лутио чоек сам себе се јадит. 5256
Лутио чоек тој што ќе речи, тоа сака да бидит. 5257
Луто ако јадиш, ама благо да зборуаш. 5258
Лутото можеш после да го дојадеш, а смрдливото се фрла. 7641
Љубезните зборови се како мед. 9942
Љуби го својот ближен како себеси. 9943
Љубов и кашлица не се кријет. 1893
Љубовта ги покрива сите погрешки. 9944
Љубовта е почеток на доброто и злото. 9945
Љубовта е пълна со мед и со пелин. 1894
Љубовта е работа за тие што се без работа. 9946
Љубовта е силна како смртта. 9947
Љубовта е слепа. 9948
Љубовта и кашлицата не се кријат. 9949
Љубовта победува се. 9950
Љубовта убајна не гљат. 1895
Љубомората е цврста како гроб. 9951
Љуѓето не се мерат со ършин, туку со ум. 1896
Љут ко рис. 1897
Љутата киселина зијан на својата бочва је прајт. 1898
Љутината е полојна будалшчина. 1899
Љушченката не падинат многу далеку од пенот. 1900
М'комото куче е апливо куче. 7677
Магаре вјаај, коњ фали. 5259
Магаре вјај, магаре барај. 1901
Магаре вода не знъјт да напијат. 1902
Магаре и на аџилак да ојт, пак магаре ќе си останит. 1903
Магаре јавај, магаре барај. 9124
Магаре купено од краставица вода го носи. 7642
Магаре меѓу две копи гладно умира. 7643
Магаре на магаре прилегвит, ама в една врата не влегвит. 1904
Магаре од в'чка кожа не се плаши. 7644
Магаре од прекор не умира. 7645
Магаре од шега не умират. 1905
Магаре појде, и магаре си дојде. 9952
Магаре рани ат јавај. 9125
Магаре стока и зет рода. 7646
Магаре стока, зер фара и врба дрео не се. 1906
Магаре фали, кон вјае. 7647
Магаре фали, кон зиме. 7648
Магарето го канале на свадба, за да носит дрва и вода. 1907
Магарето не го викаат на свадба за нунко, ами за да носи вода и дрво тоарено. 5260
Магарето си е магаре, макар и злато да носи. 9953
Магарето со рикањето му се чинит оти векот ќе го уплашит. 5261
Магаршчината не ојт по ајвани, ами по љуѓе. 1908
Мадроста е блосов од бога. 1909
Маж без жена непара го прилегаг. 5262
Маж без пари и куќа без жена — огон да 'и горит. 5263
Маж е и белило и црнило на жената. 7649
Маж и арач кај вати, туа плати. 5264
Маж како петело наш. 5265
Маж куќа не крепи. 9554
Мажи за јадење, деца за работење. 9954
Мажила се мома да не седи дома. 5266
Мажите кој се умни си 'и честат жените. 5267
Мажо да носи со кола, а жената да изнесуа со игла, и пак ќе се битисат. 5268
Мажо е борчлија да носи дома, а жената — да го спастри. 5269
Мажо си оди со крсто на чело, а жената — на тило. 5270
Мажо сос кола да вноси, жената сос игла да износи, ќе навакса. 7650
Мажот Бело Море и Црно ќе обидит за жената да ја преранит. 5271
Мажот е глава на жената. 9955
Мажот е глава на семејството, ама жената е вратот. 8581
Мажот посилен ет од жената, затоа требат да премолчуат жената. 5272
Мазнопътци работеле, бунџоглај јале. 1910
Мајка ке шчо мат лој врзвит. 1911
Мајка сина одранила со кисела маштеница. 5273
Мајката на чедо зло не мисли. 9126
Мајска роса секоја капка и флорин. 1912
Мајската роса е најгулемо богатство. 7651
Мајски дожџој плашчет борџој. 1913
Мајстор без алат шчо и без занает. 1914
Мајстор Петко: од три буки — две вретана. 7653
Мајсторе, Горе, качи се горе. 1915
Мајсторе, ти дам месо и коски, а ти барам само коски. 1916
Мајсторија кози пасе: пет откара, две докара. 7652
Мајсторија кози пасит; пет отерај, две дотерај 5274
Мајсторо ако лажи еднаш, калфата дваж. 5275
Мајчина и таткоа клетва наземи не паѓа. 5276
Мајчица — сенчица. 1917
Макар е гол, ама е сокол. 7654
Маката е за чоека, да дури довека. 5277
Маката оди по чоека. 5278
Македонецот е како врба. Расте каде ќе го посадиш. 10560
Маките сет за луѓето. 5279
Маќа носи девет месеци и па не и е дотегнеало. 7660
Маќата е долап на шчерката. 7661
Мал петел голем кокошарник бара. 8647
Мала вечеричка - долга живеачка. 10360
Мала вечеричка, долга живејачка. 5280
Мала работа, голема срамота. 1918
Мала роса подлабоко вземи влегуат. 5282
Малечка кокошчичка, довек јаричка. 7655
Малечки деца — малечко гајле, гулеми деца — гулемо гајле. 7656
Малечки прикаски гулем ак'л даваа. 7657
Малечко зрно е леблебија, ама го јадат по раќија. 7658
Малите приказни голем ум даваат. 5283
Малите реки поеќе се вредни од многуто облаци безводни. 5284
Малку јади, поеќе работи. 5285
Малку починувај се, работи поеќе. 5286
Мало мнуче — мало рипче. 1919
Мало-големо се лага станало. 5287
Малоо кравајче — голем ден, требит стиснат газ. 5288
Малото грне бргу се варит. 1920
Малото стапче го тера големото магаре. 10361
Малу дадено, од срце дадено. 1921
Малу дадено, од срце; многу дадено, од имање. 1922
Малу зборви, многу работај. 1923
Малу зборој, многу рабоќе. 1924
Малу му е во торбана. 1925
Малцина веруаат оти можи утре да умрат. 5289
Малчењето е злато. 1926
Мама вино не пијат, коза сено не јадит. 1927
Мамелето празник не држит. 5290
Манџа што не јадиш, што се грижиш ако изгоре. 9130
Мара го сакат Анета, ушче Ане да је сакат Мара. 1928
Марифет е од живо јаре кожа да продајш. 1929
Маслинка манџа не бидвит. 1930
Матна вода не гази. 7659
Маче со питано млеко не се најадвет. 10362
Мачка во врешче не се купвит. 1931
Мачка во врешче ни се купвит, ни се продат. 1932
Мачка и жена на заем не се давет. 1933
Мачка на заем не се дат, а не жена. 1934
Мачка по грб не пада. 7662
Мачка риба не јаде: през плет та в ред. 7663
Мачка со ѕвонец не ваќа глушец. 5291
Мачкај колата, да не чкртат. 5292
Мачкана и кога цојсвит за глуфците мислит. 1935
Мачкана секогаш на ноѕе падинат. 1936
Мачкана сирење ќе те сторит. 1937
Мачката и преку девет ѕидој ја намирисвит пастрмата. 1938
Мачката има девет души. 9956
Мачката под камен да има риба скриена, ја намирисуат. 5293
Мачката преку три куќи ја намирисуат рибата. 5294
Мачката сос венец глувци не лови. 7664
Ме избричи на суво. 1939
Ме избричи, те избричив, на здравје да ни е. 1940
Ме јајт ко црвец дрео. 1941
Ме ладиш со џешка вода. 1942
Ме прало да ме болит. 1943
Ме фати грошот золата. 1945
Меаната е стапица за пијаниците. 7666
Меани во секој град има поеќе отколку друзи дуќани. 5296
Меани туку да снема, и пијаници ќе снема. 5297
Меанџиите 'и честат пијаниците дури да му земат парите. 5298
Меанџиите мошне 'и мијат чашите за да 'и блазнат пијаниците. 5299
Мев па миризмата се познава внатре што има. 5300
Мевлем на рана — збор на жалба. 5301
Мегу слепите тој со едно око е цар. 1946
Мегу чужди љуѓе ко да си, требит да имаш зъјачки уши и соколој очи. 1947
Мед да туриш, та да собериш. 1948
Медената уста железни враќе отворат. 1949
Меѓу арните да си арен, не е никаков марифет. 1950
Меѓу враке шчо крцкет, не клај прст. 1951
Меѓу два огна се наоѓат, како не ќе изгорит? 5302
Меѓу два стола, ти долу. 1952
Меѓу две маќи детето е ќилаво. 7665
Меѓу чекан и наковална. 9957
Мек како бубаќ. 5303
Мек како бубрег. 5304
Мек леб за деца, а попара за баба. 5305
Мека постела сиромајот ако барат, гладен ќе си легнуат. 5306
Мекиот јазик крши и коски. 9958
Меките постели не сет за сиромаси. 5307
Менал чума за гробник. 1953
Менал чума за панукла. 1954
Мене ветво — тебе ново. 5308
Мене дај ми копано, да ти јади го оризо. 5309
Мене до срце ме доболе, тој ми вели: што викаш олеле. 5310
Мене лага, тебе вистина. 5311
Мене ми е жал, да знам што да му праам на пијаниот. 5312
Мене ми е мака дури да го клаам борчлијата в рака, да после ќе си го клаам кај што прдат магарињата. 5313
Мене ми иди да се расплачам, тој ми се смеит. 5314
Мене ми идит да пукнам од мака, тој се смеит. 5315
Мене ми се запалиле гаќите, тој вели: стој да си запалам цигарата. 5316
Мера — вера. 7667
Мераклија ко Еѓуптин на бел џигер. 1955
Мерам муабет за едно љуље тутун. 1956
Мери, мери, та после крој и сечи. 5317
Месен ибесен. 9131
Месено, обесено дома донесено, нигде немат. 1957
Месено, обесено дома донесено. 1958
Месец без три недели. 1959
Месечина за коњи градење и моми грабење. 9132
Месо без коски — џиџер. 1960
Месо купвиш, дебело зеј, неста одбираш, од сој зеј. 1961
Месо од кожа, риба од вода. 1962
Местото не го чини чавеко. 7668
Мечка се учи, човек не се учи. 7669
Мечка со мрави не се најадвит. 1963
Мечка со мрака се бори, а не шут со рогат. 9133
Мечка страв, мене не страв, кога ја видов, се испострав. 1964
Мечката в гората, они и кожата продаваа. 7670
Мечката је рекла на лисицата, а лисицата на опашката. 1965
Мечката од гората се учи, не пак човек. 9134
Мечката плачела ко греело сънце, а се смеела ко врнело. 1966
Мечката што играт у комшиите, ќе дојт да поиграт и дома ти. 9959
Ми 'и вати камено нозете. 5320
Ми даде леблебија, ми зеде мендухија. 5318
Ми даде, ама откоа ќотеко го јаде. 5319
Ми капна лицето од страм. 5321
Ми насобрал оро и боро. 1967
Ми оит како на 'ртот мад... 5323
Ми оит како на ракот во трапот. 5322
Ми подбелеа очите за јадење. 5324
Ми помина зборот како на камен. 5325
Ми потфатил камен ноѕете. 1968
Ми се чини оти болниот ќе скинит. 5326
Ми стојт на врвов од јъзиков. 1969
Ми фати оково. 1970
Мие да је острижиме овцата, та кој сакат нек је пасит. 1971
Мие за вълкот а вълкот на врата. 1972
Мие можиме три, а нас не можат триста. 1973
Мижи Асан да ти бајам. 9135
Мижи да те лажам. 5327
Мижи да те мъмам. 1974
Мижи ќорчо да те лажа. 7671
Мижи очи да те лажам. 9136
Мил како снего лански. 10587
Мил огнец, мил мъжец. 1975
Мило за драго. 1976
Мило ми е на очите кога гледам арни луѓе. 5328
Мило мое, мило свое. 9137
Милосрдието покрива многу гревови. 9960
Милосрдието почнува од дома. 9961
Минало поле сенќа. 7672
Мине — јадеж, мине — мамиш. 7673
Мирен човек — м'комо куче. 7674
Мириса пијаниот како расол во марта. 5329
Мирна жена секој ја милуа, и блазе кој ја имат. 5330
Мирната вода повеќе бела прави. 7675
Мирни калуѓери и на Вели петок прасе јадат. 9138
Мирни кауѓери и во стреда риби јадат. 5331
Мирните и кротките деца Христос 'и пофали и 'и блаосои. 5332
Мирно седи детето како јагне во трлото. 5333
Мирно срце Бога моли, а немирно солзи рони. 5334
Мирно срце бога молит, а немирно сълзи ронит. 1977
Мисли каде одиш, да не одиш двапати. 7676
Мисли — прај! 1978
Мјаната е съпица за пијаницата. 1979
Млад да се жениш — рано е, стар да се жениш — доцкна е. 1980
Млад делија — итер просјак. 7678
Млада жена имај си, старо вино купи си и ич гајле немај си. 1981
Млада курва, стара светица. 8651
млади жени браќата ги разделуваат. 10363
Младио има кувет (сила), а старио ум. 9139
Младиот можит, а старјот сигурно умират. 1982
Младите ги јадат киселачките на старите им трпнеат забите. 9140
Младо се преманува за убавина, старо за чес. 7679
Младост за старост не се чува. 9141
Младоста да ти ја имам, мрзата да ти ја немам. 1983
Младоста да ти ја имам, срцето да ти го немам. 1984
Младоста не е довека. 1985
Младоста течит како река, ама не е за два века. 9962
Младото дрео се виткат. 1986
Мнаѕина се болни, ама не јъчет. 1987
Многу арно не е арно. 9963
Многу баби, килаво дете изваждат. 9964
Многу бабици, килаво дете. 9498
Многу врева за ништо. 9965
Многу дадено, од имање, а не од срце. 1988
Многу дадено, од имање. 1989
Многу ѓаол ет, ама аир не ќе видит. 5335
Многу е мачно кога чоек дома нема брашно. 5336
Многу е полесно да ја дотераш главата однадвор отколку однатре. 9142
Многу закон, малку правда. 9966
Многу зборои сет стребрени, а помалку позлаќени. 5338
Многу зборои — торба ореи. 5337
Многу зборој, многу арноти. 1990
Многу знаиш, многу ќе траиш. 9967
Многу ја кренал опашката, де да видам до кај ќе истера. 5339
Многу јал, ама со заб не џвакнал. 5340
Многу коса, малку памет. 9968
Многу кучиња давет вълк. 1991
Многу лафој, торба стапој. 1992
Многу лошо поминува, кој емчи на друг. 9969
Многу ми е жал задека сум стар. 5341
Многу ми е мило да сум дете младо. 5342
Многу му е гајле на господа тиквите да не 'и попарит слана. 1993
Многу му загребвит сврделот. 1994
Многу му зафашчат лопатата. 1995
Многу печалит оној шчо не купвит сешчо. 1996
Многу поминало, малу останало. 9970
Многу пъти и најарниот пливач се давит. 1997
Многу пъти силата се радвела, ама секогаш правдата надољвела. 1998
Многу работи кој заваќат, не 'и довршуат. 5343
Многу раце блаосоени, а многу усти афоресани. 5344
Многу ръце блосоени, мноту усти кълнати. 1999
Многупати одит стомната на вода здрава, ама еднаш ќе се окршит. 5345
Мнозина знаат за пари да вадат, а малцина знаат да 'и држат. 5346
Мнозина има пријатели, ама поеќе му се чаша дости. 5347
Мнозина луѓе се обогатиле и пак осиромашиле. 5348
Мнозина луѓе си мијат рацете за да ручаат со владиката, а малцина ќе седнат на негоата трпеза. 5349
Мнозина луѓе си мијат рацете за да ручат со владиката, а малцина ќе седнат на негоата трпеза. 9971
Мнозина луѓе умреле и се забораиле. 5350
Мнозина одат на туѓина, ама малцина пари добиваат. 5351
Мнозина паднале од меч, но не толку како од јазикот. 9972
Мнозина сакаат да умрат за од мака да куртулисаат. 5352
Мнозина се надеваат по смртта да се спасат, ама се лажат. 5353
Мнозина се повикани, а малкумина избрани. 9973
Мнозина се причествет, ама не се исповедвет. 2000
Мнозина се причестуаат без да се покаат. 5354
Мнозина се родиле луѓе, и магариња умреле. 5355
Мнозина сет викани за да бидат рисјани, ама малцина сет дојдени. 5356
Мнозина таксуаат, ама малцина го исполнуаат. 5357
Мнозина филозофи пасат говеда. 9974
Мнозина цареи и кралеи умреле, а Господ си живеит. 5358
Мноѕина се причествет без да се покает. 2001
Мое одзивало, туѓо подуало. 5359
Моето — мое, твоето — твое. 5360
Мокар од вода не се плаши. 9499
Мокор од дож не се бои. 7680
Молат ле те — зиме, гонат ле те — беге. 7681
Молен газ ќисел излази. 7682
Моли се понекоаш и на ѓаоло како на ангело, за да не ти напраи лошо. 5361
Молк замолк до три години, пред цареа порта жолта курешница. 5362
Молк замолк до три години. 5363
Молчењето е злато. 9975
Молчењето значи одобрување. 9976
Молчи кабаетлијата како ќос на јајца. 5364
Молчи, не збори лошо да не си поткасаш јазикот. 5365
Молчи, чепче, под казанче. 5366
Момата се лаже додека е млада. 7683
Момиче мило — невевче гнило. 2002
Момичка и карпуз мъчно се познавет. 2003
Момичката не е стока за дома. 2004
Момче се жени кога да сакат, а мома кога да ја сакаат. 5367
Момче со занает, дрво со плодови. 10366
Момчето вносвит, момичето износвит. 2005
Момчето се женит кога сакат, момичето се мъжит ко ќе го сакет. 2006
Море со олџица не се црпит. 2007
Море со песок не се наситвит. 2008
Морската вода е горчлива за морето да не се смрдуа. 5368
Мошне е мило бело видело. 5369
Мошне ми е мило да сум дете младо. 5370
Мошне ми е мило моето чедо. 5371
Мошне ми оди на прт-кека, ама ако е до гуша и на Еѓупците борчлија. 5372
Мошне се крева на големо, ама ако е дрво неделкано. 5373
Мошне се прчит, ама не знам кај ќе му излезит. 5374
Мрава со мечка не можит да се борит. 5375
Мрава со мечка не мојт да се борит. 2009
Мравка сос мечка не мож да се бори. 7684
Мравката и пчелата не учет како се печалит. 2010
Мравката со мечка не се бори. 9516
Мрда рибата на суо, домрда. 5376
Мрдна кучката со опашката, и се загнаа кучињата. 5377
Мрза гъза не ранит, ташко тој шчо је имат. 2011
Мрза гъза не ранит. 2012
Мрза туку нема у чоека, мила му е работата. 5378
Мрзавчината е краста. 7685
Мрзата е краста. 5379
Мрзата е најтежок твар. 2013
Мрзата си ја носит сиромаштијата по себе. 5380
Мрзеливоста е почеток на сите лошотии. 9977
Мрзеливоста учи на многу лошотии. 9978
Мрзлив каурин поп се прајт. 2014
Мрзлива жена — вошливи деца. 7686
Мрзливата вошките ќе ја изедат. 5381
Мрзливата домаќинка си остава да и капи кацата. 5382
Мрзливата жена и на празник се познава. 10367
Мрзливата жена куќа затрнила. 5383
Мрзливата жена мажо заборџуа. 5384
Мрзливата жена мажот је го остаа без кошула. 5385
Мрзливата жена ојт неиспрана. 5386
Мрзливата жена ојт нечешлана. 5387
Мрзливата жена по комшии преспива. 5388
Мрзливио секоаш прашај го да кажит колку е саатот. 5389
Мрзливио чоек малку работит, а многу сакат да печалит. 5390
Мрзливио чоек остануат и небричен. 5391
Мрзливиот е брат на питачот. 9979
Мрзливоста го јаде човекот како рѓата железото. 9980
Мрзливоста е клучот на сиромаштијата. 9981
Мрмори ако сакаш везден, нема кој да те слуша. 5392
Мрси петок, дури стреда. 5393
Мртва уста не зборвит. 2015
Мртви и живи му искара, и пак не се страми. 5394
Мртви усти да јадат — таква манџа сум напраил! 5395
Мртвите да станат од гробот и пак не можат да го кандисаат инатчијата. 5396
Мртвите ќе лежат во земјата дури да чујат од ангело свирката. 5398
Мртвите со мртвите, живите со живите. 5397
Мртоец да вардиш и ракија да вариш, не треба да спиеш. 5399
Мрцка, мрцка, домрцка, си даде клучеите. 5400
Мрша скапана се сторило ороспијана. 5401
Мршата од чоека во земјата, а душата пред Бога. 5402
Му 'и врзале очите, како на бавчанџиски коњ. 2031
Му 'и знъјт и на ѓаолот дупките. 2032
Му 'и крадиме на господа дните. 2033
Му 'и скршиле рогојте. 2034
Му брчит мувата на капата. 2016
Му ваќа умот во глаата како на камен. 5403
Му варет лајната во гъзот. 2017
Му влегол арјанот. 2018
Му влегол ѓаволо во гаштите. 10586
Му влезе ѓаолот во срцето и го однесе на бесење. 5404
Му влезе змија во ќесето, што не си плаќа борџот. 5405
Му влезе лебо во забите, затоа го кошка со нога. 5406
Му врли пепел во очите и му грабна парите. 5407
Му го запали къндилото. 2019
Му го истрил носот. 2020
Му го потфатил огнишчето. 2021
Му го турна съндакот. 2022
Му горит под нозете. 2023
Му даде повеќе леб од сирење. (Го тепаше). 9143
Му даде повеќе сирење од леб. 9144
Му дал господ бој, ама не му дал ум. 2024
Му дале на Влаот крастајца, а тој не ја сакал, зашчо била крива. 2025
Му дале печен леб в ръце. 2026
Му дале прасе, а тој је барат и мајка му на прасето. 2027
Му догорела свеќата. 10368
Му догорело до ноктите. 2028
Му дојде бељата на глаата, и пак не се сеќаат. 5408
Му дојде јајцето на газо. 9145
Му дојде паметта на растурачот, ама откога ја изеде стоката. 5409
Му дојде скончилото. 2029
Му дојде умот, ама му појде кумот. 5410
Му дошле гости, затоа пеат песни. 5411
Му зедоа пиленцето, му се постра во седелцето. 5412
Му зела глаата вет'р. 5413
Му ѕвечит ќесето. 2030
Му игра крвта за да јади бувтана. 5414
Му идат како на утот. 2035
Му испи чавка умо на пијанио. 5415
Му ја запали светлата. 2036
Му је знъјт и калта под ноктите. 2037
Му је изгреба дури и пепелта од огнишчето. 2038
Му је носит душата во гъзот. 2039
Му је потпират куќата одоѕгора. 2040
Му је собра дури и калта од под ноктите, 2041
Му капит лицето од стратм. 2042
Му кркат жабата. 2043
Му купиле капа на нероден Петка. 2044
Му легна на табието виното на пијаницата. 5416
Му нацрпи лопатата. 2045
Му никнале млечни зъби. 2046
Му обуле на кучето опинци, то си изело нозете. 2047
Му ојт ко ракот. 2048
Му ојт од ръка. 2049
Му падна капата, му се виде глаата ќелаа. 5417
Му пејт петлето. 2050
Му плукаа во лицето, и пак не се страми лошио. 5418
Му помина болеста како на некое куче. 5419
Му помина едно премреже преку глаа. 5420
Му помина на детето лутината откога си ја изеде шлаканицата. 5421
Му помина под рака, ама откоа се борија и падна. 5422
Му помина светрум болеста. 5423
Му прајт на лајното капа. 2051
Му прилега дека е и поп и аџија. 5424
Му прилега дека има брада. 5425
Му прилега како ѕвонец на свиња. 5426
Му прилега како катанец на кочина. 5427
Му прилега како на ат да носи зарзават. 5428
Му прилега како на Еѓуптин да носи дивит. 5429
Му пукна пердето. 9146
Му рекле на вълкот: „Речи Вангеле!" Тој рекол: „јагне ле". 2052
Му са сичеја жилте - кога некој долго лежи 9147
Му се нарасиле очите. 2053
Му се овргали како бивол во тиња. 9148
Му се познат по лицето, оту му е топло на срцено. 2054
Му се посмеа курвата на ороспијата. 5430
Му се свиткала змија в ќесе. 2055
Му се собра ко на магарето 2056
Му се сторив мос, и па не познаа од чес. 5431
Му се тресит ръкана како на Чифутин. 2057
Му се чини дека печени кокошки паѓаат од небото. 9982
Му се чини на децата оти се што летат се јадит. 5432
Му се чинит оту немат горен праг. 2058
Му се шчинал на господа гашникот. 2059
Му стежнала мътиката. 2060
Му стојт душата во носот. 2061
Му теквит на страњето. 2062
Му текна, ама доцна. 5433
Му течит како од ръкав. 2063
Му тргна за напред. 2064
Му тргна калај без нишадар. 2065
Му тријат сољ на глата. 2066
Му тропат џепот. 2067
Му тури син му на огништето вода и го остаи сиромав до века. 5434
Му тълчит пипер на глата. 2068
Му удрила косата в камен. 2069
Му удрила сеќирата в мед. 2070
Муата се врзуа со едно влакно пајажиноо, а биоло со дебела ортома. 5435
Мудрите се учат на туѓите грешки, лудите на своите. 9983
Муздрак в торба не се крие. 5436
Мукает касмет. 9149
Мустаќи долзи како од мачор. 5437
Муштерии стари, донесете пари. 5438
Мъгла носит по усои. 2071
Мъж без пари и куќа без жена оган да 'и изгорит. 2072
Мъжи ја момичката дури ти тропет на врата, зашчо после ти ќе фатиш да тропаш по чужџи враќе. 2073
Мъжи мома да не седит дома. 2074
Мъжи се, ќе си имаш и мъж и магаре. 2075
Мъжот в куќи ко господ се пречеквит. 2076
Мъжот велит: „Дај, боже, работа", а жената велит: „Дај, мъжу, пари". 2077
Мъжот је носит жената на кошуљата, а жената мъжот на лицето. 2078
Мъжот со кола да носит, жената со игла да растурвит, куќата гола останвит. 2079
Мъката му је гљат, жиотот не му го гљат. 2080
Мъката на ум те учит. 2081
Мъмејнцата ке шчо ручат не вечерат. 2082
Мъмејнцата мојт да бидит дебела ама секогаш е куса. 2083
Мъти вода колку да не е чиста. 2084
Мътикана и ралоно го ранет веков. 2085
Мътикана тргат кун себе. 2086
Мътит вода в аван. 2087
Мътна вода не гази. 2088
Мъчно е да трпиш, ама не и да паметвиш. 2089
Мъшчјата е на лошо место кладена. 2090
На 'ржан леб манџата е глад. 2188
На ајнаџија кажи му работа, та ак'л да ти даде. 7687
На амбаре еден катанец — на плевната два. 7688
На арамијата сенката му ет куса. 5439
На арамјата секој му е борчлија. 2091
На арен грб, самаре триста. 7689
На арен син имот не му требит, а на лош ушче појќе. 2092
На арижан кон забите не му се гледаа. 7690
На аризан коњ заби не се гледаат. 5440
На аризен коњ зъби не му се гљавет. 2093
На арна земја — црн роб. 2094
На арната жена име му вадат. 5441
На арниот коњ ѕвонец му клаваат. 5442
На арниот коњ ѕвонец му ставаат. 9150
На арно чедо мал му не требе, на лошо ич. 7691
На арс'з куче лоша опашка му не требе. 7692
На бавчанџија му продат пиперки. 2095
На бавчанџија праз му продава. 10369
На башчованџија не продаве краставици. 7693
На беглиска чешма вода нема. 9984
На бегличка чешма не оди на вода. 7694
На бел кон без седло и на мајстор калфа да не одиш. 7696
На бел коњ и на убава жена никој не може да им угоди. 9985
На бел коњ сеиз и на нов мајстор калфа да не бидиш. 5443
На бел снег и црно семе се јаде. 7697
На бела мома бело и не требе. 7695
На бесно куче беге му од пате. 7698
На бесно куче д'га опашка му не требе. 7699
На бијолот окото му е во просото. 2096
На богатие и враните јајца носат. 7700
На богатие и парите се плодат. 7701
На богатио дури да му дојди ќеот, на сиромајот ќе мо стои празен меот. 5444
На богатиот зер в гроб ќе му ја клаат стоката? 5445
На богатиот и камењата му помагает. 9986
На богатиот и на младиот секако му играт коњо. 5446
На болвата узда је клава тамавќарот. 5447
На болвата узда не се редит. 10370
На борина попрела, на виделина заспала. 2097
На бостанџија крастајци не му се продавет. 2098
На бостанџија лубеници не продаве. 7702
На брзина само в але се ојт. 2099
На брлива овца прапорец не се врзува. 7703
На будала крава, зошчо је теле. 2100
На будалата не прај му се другар. 2101
На будалата не требит да му обесиш звънец, и без ѕвонец се познат. 2102
На Бъдник петел, на Божик расол. 2103
На бълва букаѓи. 2104
На в'ко му е дебел врато, оти сам си свршува работата. 7705
На вдојцата и полите је се душмани. 2105
На високо дрео само чавки стоет. 2106
На влажна земја дожд не је требит. 2107
На вода отиде, вода не се напи. 2108
На водејнца со ред се мелит. 2109
На вълкот в уста. 2110
На вълкот вика, а лисиците месото го јадет. 2111
На вълкот му рекле: „Речи Ванѓеле!" Тој рекол: „јагне ле". 2112
На вълкот повикот, а лисицата пакост прајт. 2113
На гла ти седам, в уста ти прдам. 2114
На гла ти седам, на брада ти прдам. 2115
На глаата му седи, на брадата му е... 5448
На гладниот и пиперот му е мед 2116
На гладно срце вода не са пије - срце ки та јаде. 9152
На глата оган му горит, а тој абер си немат. 2117
На глув да му свириш и мртов да кадиш, се едно ти е. 2118
На глув да му шептиш и на слеп да му надмигвиш си немат фајде. 2119
На глувците му е мака дури еден да напраит 5449
На глужливо дрво удри му клино. 5450
На гнила штица не гази. 9987
На гол гъз таламбас. 2120
На гол корем — црвен ремен. 7707
На голо куче опашка му не требе. 7708
На Господ молитва, а на работникот плата. 10371
На гости убо, ама дома поубо. 2121
На гото дете татко не прај се. 2122
На гото дете татко се прајт. 2123
На готој деца секој татко бидуа. 5451
На грешка и прошка. 7710
На грешките се учиме за да не ги повторуваме. 9988
На гробот му је перит кошуљата. 2124
На грухнала плевна покрив и не треба. 7711
На даве друг маката да ти јаде. Не даве ме мале, не мисли на касмет. 7851
На два стола се не седи. 7714
На два татка без капа. 2125
На двајца татковци, момчето без капа. 10372
На две враќе кучето од гладост умират. 2126
На две мајки — гладен. 2127
На две маќи детето неперено. 7715
На делаче оптегаче. 7716
На дете арам му ет облеклото, а алал му е јадењето. 5452
На дете и куче непара веруј се. 5453
На дете му е алал шчо јаде, арам шчо носи. 7717
На дете стапчето му е конче. 5454
На децата умот му лета. 5455
На дечеренце до гъзеренце, менѕе и тенѕе пљонѕе. 2128
На добрата маштеа и туѓите деца се нејзини. 10373
На доцна дојдените - коските. 9989
На дрва отишол, секирата си ја загубил. 5456
На дрва со дете не се ојт. 2129
На дрвото што раѓа луѓето фрлаат камења. 9990
На државна чешма вода не се пие. 10374
На државна чешма не пиј вода. 7719
На друг обречено, на мен испечено. 7720
На друг сламката гледаш, а на теб гредата не гледаш. 7721
На друм да не спиеш. 7722
На душман шчо бегат напрај му златен мост. 2130
На ѓаволот дупката му ја знае. 9151
На ѓаоло удри му чадо од темјанот. 5457
На ѓаолот кандило не му се палит. 2131
На еден савнува, на друг се стевнува. 7723
На еден свадба, на друг брадва. 7724
На еднего да си измеќар поарно ет ошто на сиот град. 5458
На едни луѓе и петлите му несат јајца. 5459
На едни маќа, на други машчаа. 7725
На едни пати виното го прави човек, на други резил. 7726
На едно дете — еден кум. На едно дете многу кумој не чинит. 2132
На едно лице две усти не биват. 9153
На едно сънце јале, на една месечина страле. 2133
На ерлија чедо башчинија му не треба. 7727
На ерлија чедо мал му не требе. 7728
На жена вера да немаш. 2134
На жена не веруј се сосема, оти за цело не ет верна. 5460
На жена не речи е: оти си горда? 5461
На жена работница је светит куќата. 2135
На жена срцето да не си кажуваш. 7729
На жена тајна не кажувај. 8608
На жената ни кучето не лае. 10375
На жената се гљат како је држит куќата, а на мъжот како носит в куќи. 2136
На женска фурна малку дрва требат. 7730
На женско и трно е душманин. 7731
На жив вълк не му се мерит опашка. 2137
На загубеното му а знаеме цената. 7737
На заедничката ливада, тревата е ниска. 10376
На заем брашно згмечено се дава. 7732
На зајакот му велат бегај, на 'рто — трчај. 5462
На здравите не им треба лекар, туку на болните. 9991
На земја мирисе, се вели за некој што е многу болен. 9154
На зла круша, зол прът. 2138
На зла суша и градо е мил. 7733
На зла суша и на градо береќатарс'н. 7734
На зол трн, зла копачка. 2139
На зор даанл'к. 7735
На зор се и с магаре оре. 7736
На зъјакот му викат „бегај", а на 'ртот „држи". 2140
На зъјакот од страв му се отворени очите и ко да спијат. 2141
На иглата колка је сенката, толкав је ќарот. 2142
На иќиндија пазар се не раствара. 7738
На јако дрео, јак клин. 2143
На јъзикот мед, под јъзикот зер. 2144
На какво дрво, таков клин. 7741
На какво оро се фатиш, така ќе играш. 2145
На калпав кур вуната му пречи. 8611
На калпаво куче не му требе д'га опашка. 7742
На калуѓерот и кондурите му заплакале. 2146
На камен со камен. 2147
На касапницата има повеќе јагнешки кожи. 7743
На касметлија и с'нцето му помага. 7744
На кафенето врата широка за влазење, ама тесна за излазење. 7745
На качишчар качишча не продаве. 7746
На кашчата еден катанец, на плевната два. 7747
На кој му е арна жената, црква не му требе. 7748
На кој му е лоша жената, мртвем не му требе. 7749
На кој му е убава жаната, не му е мирна главата. 7750
На кој рано станува и господ му помага. 7751
На кој ум измет чиниш? 2148
На комшиите кокошките поедри јајца носат. 7752
На копна го ранат и па не бива. 7753
На косаче надницата му е под косата. 7754
На котар пенџера не се прајт. 2149
На крава шчо буцат господ не је дат рогој. 2150
На крастаичар не продаај крастаици. 5463
На кум зборот не се погазува. 8660
На кус пес опашка! 2151
На кучето љутината, на чвека добрината пара чинет. 2152
На кучето слама, на магарето коски му дат. 2153
На ќелава глава 'рѓава капа. 5499
На ќеља гла, не требит капа. 2216
На ќељав нокти не му требет. 2217
На ќељав чешељ не му требит. 2218
На ќишаво лајно камен не фрлај оти ќе се испрскаш. 7819
На ќорав кон ќорав муштерија. 7821
На ќорав кон очите му не требат. 7820
На ќорото пиле господ му го прајт седелото. 2219
На лагата куси и се нозете. 8583
На лажата нозете са куси. 7755
На лакомјот секогаш му е малу. 2154
На ланско огнишче оган барат. 2155
На ланско огнишче оган не се барат. 2156
На ланцко огниште огон не барај. 5464
На лек и селимет! - се вели кога ќе заврши лечењето. 9155
На летен облак и зимна ведрина многу не верви им. 2157
На лис мочаш, а Пирин караш. 7756
На лице светец, на срце вълк. 2158
На лозјето не му треба молитва, туку мотика. 10377
На лош син стока не му треба да му остааш, оти ќе ја изеит; и на арен не му требат, оти сам ќе си сп 5465
На лош чоек секој не можи да му 'и јади збороите. 5466
На лошио добрина кој праит, на ѓаолот кандило му палит. 5467
На лошо куче д'га опашка не му требе. 7757
На лошото куче, краток синџир. 10378
На луда глава капа не и требе. 7758
На лута рана, лут лек. 9992
На магаре вјаа, голи нозе маа. 7759
На магаре седло не прилега. 5468
На маж и на жена не им се брке в работата. 7760
На мажо ако му повела жената, ќе му се сере на главата. 7761
На мајстора вера немај. 7762
На мајсторот куќата му течит. 2159
На мајтап рече, вистината је каза. 2160
На маката чоек и на песо брате му велит. 5469
На малечки кучиња сечат се ушите. 7763
На матна вода јунак не се прави. 9156
На мене ми ѕирка, на тебе ти виси, и не сме исти. 7764
На мене речено, за друг испечено. 7765
На месечина попрела, на сънце заспала. 2161
На млада свекрва и на бела кобила сеизин да не си. 7767
На младите светов останвит. 2162
На младите умот им идет, им сјодвит. 2163
На мокро огнишче не вади оѓин. 7768
На момини враќе многу магариња рикет. 2164
На момичка поарно куршум, отколку лош збор. 2165
На мрза куќа не стојт, туку на куќница. 2166
На мрзлива жена од двете страни ќе и се погледне газо. 7769
На мрзлива овца и руното је тежит. 2167
На мрзлива овца, руното и тежи. 10379
На мрзливјот се му је тешко. 2168
На мудрите устата им е во срцето, а на лудите срцето им е во устата. 9993
На мъмејнцата ноѕете је се куси. 2169
На Настрадин-оџа и чавката бијоли му лоела. 2170
На наука имат и одука. 5470
На нероден Петка капа му кроет. 2171
Почеток | Назад | Напред | Крај
Пословици 5001 до 6000 од 10338

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org