Пословица |
Број |
На нероден Петко капа му крои. |
7770 |
На нероден Петко капа му скроиле. |
8578 |
На нова свиња, ново копанче. |
2172 |
На ногу грмење, малку тресење. |
7771 |
На оѓин и вода јунаштво нема. |
7772 |
На орање со три волој не се ој. |
10589 |
На оро играле, гајди не виделе. |
2173 |
На орото бил гајдаџија и па нишчо не видел. |
7773 |
На ортомар ортома не продаве. |
7774 |
На пазар без пазар. |
9157 |
На пазар со празни ръце и празно ќесе не се ојт. |
2174 |
На пала крава господ рогој не је дат. |
2175 |
На паметниот и еден збор му е доста. |
9994 |
На парата сите врати и се отворени. |
9995 |
На парите „добро утро", на парите „добор вечер" |
2176 |
На пес кога ќе му дојдит пцоисувачката, на од овчарот стапот ќе се измочат. |
5471 |
На пес кога ќе му дојдит умирачката, на црковна врата ќе се измочат. |
5472 |
На песјо корито да не се стретет. |
2177 |
На пијаница ни село не мож да му исплати. |
7775 |
На пијанјот езероно му е до колена. |
2178 |
На плешчи да паднит, носот ќе го скршит. |
2179 |
На плитко се давит. |
2180 |
На поарно ќ' излезит. |
2181 |
На повеќе сајбии коне им е слаб. |
7776 |
На подарен коњ, забите не му се гледаат. |
10380 |
На поклоњен коњ зуби не се гледаат. |
9996 |
На поп вдоец и на мачорок во сечко не барај им ја тръгата. |
2182 |
На поп и на кауѓер не таксуј, оти ако не му го даиш, ќе си го земат. |
5473 |
На попо му е окото во виното. |
5474 |
На потлачен народ се можеш да му работиш. |
7777 |
На правјот анѓелот, а на кривјот ѓаолот му поможвит. |
2183 |
На празен мев оро играа. |
9158 |
На празен мев оро не се игра. |
10591 |
На празна плевна покрив и не требе. |
7783 |
На празна плевна, покров не и треба. |
10381 |
На празно грне не му требит капак. |
2184 |
На префалени јагоди с гулема кошница не оди. |
7785 |
На присмех и господ помага. |
7786 |
На прост чвек речи му „честита работа", ќе те натерат да му поможиш во работата. |
2185 |
На път да 'и најш, ќе 'и пребројш. |
2186 |
На р'то вика држ, на зајако — беге. |
7788 |
На работните и Господ им помага. |
10382 |
На разградена градина пълјак е свињата. |
2187 |
На ред меле воденицата. |
7787 |
На река дотечена узда не се клава. |
5475 |
На свадба кусур не се гледа. |
10383 |
На свадбата згора и арачникот му дојде. |
5476 |
На свето не се погажџа. |
7789 |
На свето устите не можиш да му 'и затниш да не зборуаат за тебе лошо или арно. |
5477 |
На свиња ако сакаш и муцката пресечи му ја, пак таа ќе ринка во гнасотата. |
5478 |
На свиња бисер не нижи. |
5479 |
На свој г’з кажи, на свое дете не кажи. |
9481 |
На се има граница. |
9998 |
На сека грешка половина прошка. |
7790 |
На секоа дума амин не се вика. |
7791 |
На секого Госпо му знае. |
10592 |
На секое грнче не му се прајт капак. |
2189 |
На секое дрво клин му не требе. |
7792 |
На секое зло лек му е смртта. |
7793 |
На секое зло смртта му е лекот. |
5480 |
На секое месење торба тресење. |
7794 |
На секое пиле месото не се јаде. |
7795 |
На секое рапче своето седело му е мило. |
2191 |
На секој гостин по три дена му е доста. |
10384 |
На секој се пилето качува на рамото, ама блазе му на оне кој умее да го фане. |
7796 |
На секоја бољка имат лек, а на страмот ни до век. |
2192 |
На секоја бољка имат лек. |
2193 |
На секоја манџа и мирудија се праит. |
5481 |
На секоја манџа и црн пипер бидуат. |
5482 |
На секоја мъка имат крај. |
2194 |
На сенката ако мојш да ми згазниш, на късмедот не мојш. |
2195 |
На сиромав себап, на ѓаол къндило. |
2196 |
На сиромавиот ни Господ не му поможва. |
9556 |
На сиромајот ѕвездата му ет угасната. |
5483 |
На сиромајот јасјето му од лебец, со солца и пиперца. |
5484 |
На сиромајот к'сметот не му работит. |
5485 |
На сиромајот никој праото не му го даа кога да зборуа. |
5486 |
На сиромах човек и на факовско да не втасуваш. |
7798 |
На скаперник татко, расипник син. |
9999 |
На скржав и лаком очите не му се п'нат. |
7799 |
На скржаиот на клепните да му се обесиш, и пак нема да те пожалит и да ти даит нешто. |
5487 |
На скрстени ръце господ не поможвит. |
2197 |
На слеп свешча не се дат. |
2198 |
На слепец очи! |
2199 |
На слепјот и денот и ноќта му се едно. |
2200 |
На сливар не продавај сливи. |
10385 |
На смрт лекот му е умирачката. |
5488 |
На Стамбол ошол, и без пари си дошол. |
5489 |
На стап да вјаш исто шчо и на ноѕе да ојш. |
2201 |
На стар газец — гајтанец. |
7807 |
На стар мачорок младо глуфче му требит. |
2202 |
На стара баба ак'л и не даве. |
7803 |
На стара баба гулем кур не покажуве. |
7804 |
На стара баба за тове не кажуве. |
7805 |
На стара баба не се кажува ка се легнува. |
7806 |
На старо дрво аршлама не ваќа. |
5490 |
На старо дрео калем не се фашчат. |
2203 |
На староси два радоси. |
9160 |
На старост - радост. |
2204 |
На старост магарост. |
9161 |
На старост раван не се учит. |
2205 |
На сто в'ци едно магаре. |
7809 |
На сто вреќи ќе врзеш устите, ама на една жена не можеш. |
7808 |
На стомина по стотина, Петкое петстотини. |
2206 |
На стоте сто и еден твар борина. |
2207 |
На страњето му теквит. |
2208 |
На студ инает не се чини. |
9163 |
На студ инат не се чинит. |
5491 |
На студ јунасто не бидуат. |
5492 |
На сувата земја и солената вода је арна. |
2209 |
На суво дрео нишаљка не се прајт. |
2210 |
На суво жаба не крка. |
9164 |
На суо жаба не крека. |
7810 |
На сушата и градо арадисва. |
10598 |
На таква глава — таков брич. |
7811 |
На такваа глаа таква капа. |
5493 |
На такваа глаа таков брич. |
5494 |
На тамавќаро друг ќе му ја јадит стоката. |
5495 |
На тамавќарот и окржаиот никојпат окото не му се наситуат. |
5496 |
На танец којшто игра, секој ќе го гледат. |
5497 |
На тапане ќе фрли, а на опашката игра. |
7812 |
На татко пезевенк не викај. |
7813 |
На тврда глава — тврд клин. |
7814 |
На тенкото се ќине важето. |
7816 |
На ти слепец очи. |
2211 |
На ти слепче очи. |
9165 |
На тиква обрач. |
2212 |
На тове шчо мислиш утре да му одиш, денеска не му оди. |
7817 |
На трн грозје не барај. |
2213 |
На трнче и колаче. |
2214 |
На трујца може една жена боса да оди. |
7818 |
На туѓи гробишта плакала, та затоа солзи не пуштила. |
5498 |
На Турчин и на светец не се фешчат. |
2215 |
На убава жена сирењето смрди. |
7822 |
На убава мома — убава дума. |
7823 |
На улав ак'л измет не чини. |
7824 |
На улав Турчин секој ден е бајрам. |
7826 |
На улавие не излази на пат. |
7825 |
На умната гла и едно око је доста. |
2220 |
На умните работите само брадите им 'и знъјет. |
2221 |
На уста мед и масло, на срце пелин и зер. |
2222 |
На фето врешче нова крпа не се клат. |
2223 |
На цар џуап не даве. |
7831 |
На царот данокот, на попот колакот. |
10386 |
На Циганин ќисело млеко не даве. |
7832 |
На чело Ристоса, в пазва ѓаоли. |
2224 |
На чија кола вјаваш, таа песна да пеиш. |
5500 |
На чија кола се возиш нему песми пеј му. |
2225 |
На чија кола се возиш, него фали го. |
2226 |
На чист образ, малку вода му треба. |
10387 |
На чисто лице малу вода му требит. |
2227 |
На чисто стребро 'рѓа не фашчат. |
2228 |
На чисто стребро 'рѓа фрљат. |
2229 |
На човеко прво му виж дузене, после му цени работата. |
7833 |
На чоеко месото не му се јадит, ами зборот. |
5501 |
На чорбаџијата и чавките му носат јајца, на сиромавио и полого му трошат. |
7834 |
На чуждо бунишче петел не прај се. |
2230 |
На чужџ гроб без сълзи се плачит. |
2231 |
На чужџи гроб се не плаче. |
7835 |
На чужџи плешчи тварот е лесен. |
2232 |
На чужџо куче не дај му коска, зашчо и твојето ќе те остајт. |
2233 |
На чурко се вика доброутро. |
7836 |
На шака деца се прает. |
2234 |
На шарена змија црн раб. |
2235 |
На штедлив татко, расипник син. |
10000 |
На што втасуваш, гледе му крае. |
7840 |
Наведена гла јарем тргат. |
2236 |
Наведена гла сабја не је сечит. |
2237 |
Наведена глаа под царска сабја поминуа. |
5502 |
Наведена глава сабја не а сече. |
7704 |
Наведната глава сабја не ја сече. |
8575 |
Навечер денот се фалит. |
2238 |
Навиката е една мъка, а одвиката девет. |
2239 |
Навиката е наша втора природа. |
10001 |
Наврвиш ле по бумбаро, он ќе те одведе на говно. |
7706 |
Навртвит вода на своја водејнца. |
2240 |
Нагоре високо — надоле дебоко. |
7709 |
Над оѓине и вода сила нема. |
7718 |
Надај се магаре на зелена трева, ако нема ни суа слама. |
7713 |
Надала се мама на тате, тате на мама, и ѓубрето останало. |
7712 |
Надвор кукла, дома панукла. |
2241 |
Надвор од оро многу песми знъјт. |
2242 |
Надежта не разочарува. |
10002 |
Надеј се дури ти е глата на рамена. |
2243 |
Назад му е зимата. |
10388 |
Назаем брашно, гнетено се врашчат. |
2244 |
Најаден ко попско дете на мртва събота. |
2245 |
Најарната плата — мътика и лопата. |
2246 |
Најде глушецот дупка да си пикни глаата, па си врза и црпка на опашката. |
5504 |
Најде па зајде. |
9167 |
Најде уши, потера и рогове. |
7739 |
Најде фела, побара цела. |
2247 |
Најдел да зајдел. |
9168 |
Најди меко, копај глобоко. |
10389 |
Најди му го зглобот, удри му го ножот. |
10390 |
Најди, јади; не најди, не јади. |
5505 |
Најдобро се лови во матно. |
10003 |
Најпосле излезе Манго од торбата. |
9169 |
Најпрвин Господ си си створил брада. |
10004 |
Најсила убавина не бива. |
7797 |
Најсилен е ветрот пред да тивнит. |
2248 |
Најтешка е празна торба. |
8630 |
Најубавата јабака свињето а јадат. |
7740 |
Најумниот на веков ќе умри како најнеумниот. |
5506 |
Најдобро стои старата капа. |
9522 |
Наклепана коса добро коси. |
10391 |
Наќиснат од дожд не се плашит. |
2260 |
Налева вода на туѓа воденица. |
10392 |
Нам здравје, на Турци болест. |
2249 |
Намачкај 'и колцата да не крцкет. |
2250 |
Намачкај ја оската да не чкртат. |
2251 |
Наместо веѓи да му тргнит, очите ќе му 'и изваит. |
5507 |
Наместо волојте да рикет, оските крцкет. |
2252 |
Наместо да го бакни, ќе го касни. |
5508 |
Наместо да си јагне, да те јадет вълци, биди вълк, јади ти. |
2253 |
Наместо клин на мене, набоде си кол на себе. |
7766 |
Направено добро брже се забаравја. |
7778 |
Направи добро, не кај се. |
7779 |
Направи ле на друг ќефо твое ќе го растуриш. |
7780 |
Направи па го фрли в морето. |
7781 |
Направи се овца секој да те стриже. |
7782 |
Напразно е да се оптегнува мрежа пред очите на сите птици. |
10005 |
Напрај добро и в море врли го. |
5509 |
Напрај добро и на душмано. |
5510 |
Напред крој сос главата, после сос ножиците. |
7784 |
Напред на можам, назад не оставет. |
2254 |
Наредил Господ да има и богати и сиромаси. |
5511 |
Народо се излошуат од урнекот од лошите попои, а нивјето и лозјата се расипуаат од лошите аргати. |
5512 |
Наружани како маски опковани. |
9170 |
Насмеал се шутар на ќупар. |
7800 |
Насмени го кучето, крени го стапот. |
2255 |
Насобрал оро и боро. |
2256 |
Наспастрена стока кучиња је јадет. |
2257 |
Настанаа малите, кој ти 'и слагат старите. |
5513 |
Настанаа младите, кој ти гледа старите. |
7801 |
Настанаа пилињата, се качија на квачката. |
5514 |
Настапи решчето, ќе те удри по колено. |
7802 |
Настрадин-оџа кога врнело, се смеел, кота греело сънце, плачел. |
2258 |
Натежнаа годињето, олесна паметењето. |
10393 |
Натема му гробо, натема! |
5515 |
Натепај детето, па го прати за вода. |
7815 |
Натерај го мрзливјот на работа, да те научит на ум. |
2259 |
Нати слепче очи. |
9558 |
Наутро катинар на устата, навечер катинар на куќата. |
2261 |
Научи башча ти ка се деца прават. |
7827 |
Научи ле се куче на касапница, не се одучува. |
7828 |
Научи ле се кучето кокал да глода, се ќе си тера да глода. |
7829 |
Научил се поп на варен боб, однемало боб, одучил се поп. |
7830 |
Научил се поп на пржен боб, досвршил се боб, одучил се поп. |
9171 |
Научих се гол, страмувам се облечен. |
9172 |
Нацртан леб не може да се изеде. |
10394 |
Нашата невеста многу арна ет: кога спиет, леб не јадит! |
5516 |
Нашел се на зор като куче на мос. |
7838 |
Нашел село без кучиња, тргнал без стап. |
10006 |
Нашел Циганино масло, та си намажал и газо. |
7839 |
Нашел, па зашел. |
7837 |
Нашла баба кълбавче, пак било криво. |
2262 |
Нашла невеста секира зад врата. |
5517 |
Нашло грнче поклопче. |
10395 |
Нашол глушецот дупка да се скрие па си врзал и лејка за опашката. |
9173 |
Нашол секира зад врата. |
2263 |
Нашол село без кучиња. |
2264 |
Нашол црква да се крсти. |
5519 |
Нашол — зашол. |
5518 |
Не 'и серит магарица. |
2312 |
Не а валеса ни за в телци ни за в говеда. |
9174 |
Не атириса од белича за да му даиме на куша. |
5520 |
Не барај влакно во јајцето. |
10396 |
Не барај ја тръгата кога го гљаш вълкот. |
2265 |
Не барај ни кај куче вера, ни кај богат мера. |
10087 |
Не би се шега да не ти дојди на глаа шегата. |
5521 |
Не би се шега на старец, оти и ти ќе остарееш. |
5522 |
Не бива да е од чума лек. |
7841 |
Не биди акшам-суратлија. |
5523 |
Не биди чеклас или запорничав. |
5524 |
Не бие студено железо. |
2266 |
Не биле тикви, ами чупки. |
2267 |
Не бој се од вреви и ѓурултиј еврејски. |
5525 |
Не бој се од улав пријател, бој се од итер душманин. |
7842 |
Не брзај со јъзикот, ами со работата. |
2268 |
Не буди го лавот. |
10397 |
Не буричкај лепешка да не ти смрдит. |
5526 |
Не вали се каков си бил, ами каков си. |
5527 |
Не видех аир од очите, та од клепките ле? |
7843 |
Не види црно куче на бел снег. |
7844 |
Не видов ајр од очиве, та од клепкиве ќе видам. |
2269 |
Не виж арно — не зарадувај се; не виж лошо — не уплаши се. |
7845 |
Не викај го ѓаволот, сам ќе си дојде. |
8623 |
Не викај го лошото, само ќе ти дојт. |
2270 |
Не виќе оп додека не рипнеш. |
7846 |
Не влегви в бунар со гнило јъже. |
2271 |
Не влегви ке се карет двајца. |
2272 |
Не води инат, като ти е на глава. |
7847 |
Не воривај ја главата кај што не ти ја збира. |
10398 |
Не враќај се од зборот како жена од пазарлакот. |
5528 |
Не врвит сегдека ло-ло-ло. |
2273 |
Не врзувај му ја устата на волот кога врши. |
10007 |
Не гази ке тонит! |
2274 |
Не газит на гнила шчица. |
2275 |
Не гледај го коренчето, ами гледај цвеќенцето. |
5529 |
Не гледај му лицето, туку срцето. |
5530 |
Не гледај му на капата, ами под капата. |
5531 |
Не гледај на лушпата, ами на јатката. |
5532 |
Не гледе црно, бело — гледе да е подебело. |
7848 |
Не гљај го коренот, туку цвеќето. |
2276 |
Не гљај го цвеќето, туку коренот. |
2277 |
Не гљај ја корката, туку стредата. |
2278 |
Не гљај ми ја капава, туку под капава. |
2279 |
Не гљај му го лицето, туку срцето. |
2280 |
Не гљај само пред себе, туку и зад себе. |
2281 |
Не гљај шчо бев, ами шчо сум. |
2282 |
Не гљај шчо поминало, туку шчо ќе поминит, |
2283 |
Не гљал господ ко дал. |
2284 |
Не гљат господ на нечисти опинци, туку на чисто срце. |
2285 |
Не гљат подалеку од носот. Не го гљат пасмото, туку го гљат влакното. |
2286 |
Не го жаљат пасмото, туку го жаљат влакното. |
2287 |
Не го исцицав од прстиве. |
2288 |
Не го најде Влаот, удри на гуната. |
2289 |
Не го остат ѓаолот да седит мадро. |
2290 |
Не го разриве говното — ќе ти засмрди. |
7849 |
Не го сакале на оро, тој сакал до кумот да се фатит. |
2291 |
Не го ставај газот кај шо се мерат курови. |
8606 |
Не горит образот од сънце, туку од страм |
2292 |
Не гради се со јак плот, туку са арен комшија. |
2293 |
Не давај газ под кирија. |
8650 |
Не давај се, манго, па пијани жени. |
7850 |
Не давај си, мажу, силата на жената. |
5533 |
Не давај узда на жена. |
5534 |
Не даве на Бога сус прсте, дава на врага сус грсте. |
9175 |
Не даве узда на жената. |
7852 |
Не дозволувај твоите сништа да обраснат во коров. |
9176 |
Не драпај се кај што те не јаде. |
10399 |
Не дуај на разгорен оѓин. |
7853 |
Не думе лошо, оти и стените уши имаа. |
7854 |
Не дупи го магарето да не му слушаш прдешо. |
5535 |
Не ѓибај лајно, да смрдит. |
2294 |
Не е бричено, ами стрижено. |
5536 |
Не е времето лошо, туку луѓето. |
2295 |
Не е грев то шчо ќе го помислиш, туку то шчо ќе го сториш. |
2296 |
Не е ѓаолот толку црн колку шчо го прикажвет. |
2297 |
Не е за вгојда. |
10588 |
Не е за кого печено, туку за кого речено. |
9557 |
Не е злато се што свети. |
9526 |
Не е косено, туку стрижено. |
2298 |
Не е куќата тесна, туку љуѓето се бесни. |
2299 |
Не е ќитка за мирисање. |
7859 |
Не е лесно старо бунишче куга се запали. |
7855 |
Не е лошо собранието, туку сказанието. |
2300 |
Не е марифет да знъјш, марифет е да умејш. |
2301 |
Не е ни за осој, не е ни за присој. |
10528 |
Не е с'нце да огрее насекаде. |
7858 |
Не е секогаш Велигден. |
9177 |
Не е секој врат за ѕвонец. |
2302 |
Не е секој мъж шчо носит мустаќи. |
2303 |
Не е секојден бајрам. |
7856 |
Не е секојден велиден. |
7857 |
Не е сено за магаре. |
2304 |
Не е срамота од работа. |
9555 |
Не е цвеќе да го помирисаш. |
2305 |
Не е цвеќе за мирисање. |
2306 |
Не е цвеќе чоекот, да го мирисаш. |
5537 |
Не ет страмота да прашаш за тоа што не знаиш. |
5538 |
Не ет улав тој што го изел зелникот, ами тој што го дал. |
5539 |
Не жни ке шчо не си сјал. |
2307 |
Не за кого било печено, ами за кого било речено. |
5540 |
Не за кого е печено, ами за кого е речено |
2308 |
Не за кого е печено, ами за кого е речено. |
9178 |
Не заќинви му го на мајсторот акот. |
2309 |
Не збире слама за чужџи магариња. |
7860 |
Не згази оѓине, не изгори се. |
7861 |
Не знаеш од која смрика зајак ќе излезе. |
7862 |
Не знаи свиња како се јади диња. |
5541 |
Не знаит мајката што челад ќе изгледат. |
5542 |
Не знај да напое магаре вода, а не да пиши книга. |
5543 |
Не знај да напое магаре и вода, а не да пиши книга. |
10008 |
Не знъјт да напијат едно магаре вода. |
2310 |
Не зъби се, дан' ти настинет зъбите. |
2311 |
Не играт тој, туку виното. |
2313 |
Не искај болес, ами искај здравје. |
7863 |
Не истрчви ко прле пред магарица. |
2314 |
Не ја сечи гранката на која седиш. |
10009 |
Не ја ставај главата во торба. |
10400 |
Не јаде само тове шчо оре. |
7864 |
Не јади трици. |
9179 |
Не јајт Петкана преснеѕ. |
2315 |
Не јајт Петко јаре. |
2316 |
Не јала кокошката — скуфалје сонувала. |
7865 |
Не је дави-кобила, ами прди-дол. |
5544 |
Не је теквит на свекрвата, оту и та била сна. |
2317 |
Не ка знаеш, туку ка наеш. |
7867 |
Не кажви ми за таа болес што сум лежал. |
10010 |
Не кажви му 'и на татка ти загоните. |
2318 |
Не кажви му ја на будалата камарата со камења, зашчо ќе ти је скршит глата. |
2319 |
Не кажви му на деда ти нивјето. |
10011 |
Не кажви шчо сум, ами шчо ќе бидам. |
2320 |
Не кажвит баба шчо сон видела, ами шчо сакат да видит. |
2321 |
Не кажувај му на татка ти нивата. |
10401 |
Не кажуве каков си бил, туку каков си. |
7866 |
Не кажуј му на татка ти кај му се нивјето. |
4577 |
Не како што знаиш, ами како што ќе наиш. |
5545 |
Не клавај змија в пазуа да не те укаса. |
5546 |
Не клавај си здрава нога во трн. |
10402 |
Не клај прст меѓу две враќе. |
2322 |
Не копај гроб другему, зашчо сам ќе падниш во него. |
2323 |
Не копе гроб на брат ти, оти сам ќе влезеш в него. |
7868 |
Не кревај се на големо пред царот и кнезот. |
5547 |
Не кревај се на големо, да не паднеш на колено. |
10012 |
Не кревај се на големо, от' ќе падниш на колено. |
2324 |
Не купви куќа, туку комшија. |
2325 |
Не купува кобила со пари ами сака невеста со ќеф. |
9180 |
Не купувај мачка во вреќа. |
10013 |
Не купуј куќа без комшија. |
5548 |
Не купуј тоа што не ти треба, оти ќе го продаиш и тоа што ти треба. |
5549 |
Не куца магарето од самаро. |
10595 |
Не куца магарето од самарот. |
9182 |
Не късај, де не те късет. |
2326 |
Не ќе живејш со деда Ноета. |
2405 |
Не ќе живејш со каљана орицка. |
2406 |
Не ќе ми 'и вратит козите од ридот. |
2407 |
Не ќе му го вариш месото. |
2408 |
Не ќе те носам ко тутун-кесе со себе. |
2409 |
Не ќе ти 'и вратит гојадата од пасење. |
2411 |
Не ќе ти го вратит телето од з'гојада. |
2410 |
Не ќе ти је носит душата в кошница. |
2412 |
Не ќе ти паднет ръцете, ако го напрајш. |
2413 |
Не ќе ти се исушит ръката, ако го напрајш. |
2414 |
Не ќе ти се исушит устата, ако речиш. |
2415 |
Не ќе ти се уборит бисерот. |
2416 |
Не лажи, не кради — снајди се. |
7869 |
Не лажи, не кради, ами работи, и Господ ќе ти наврти. |
5550 |
Не лажит, ама прао не кажуат. |
5551 |
Не лижи ке шчо си пљунал. |
2327 |
Не ме вјаш ти, туку орелон, је рекол зъјакот на жељката. |
2328 |
Не ме газиш ти, туку горнион. |
2329 |
Не ме е огреало с'нцето до пладнина, та од пладнина ле? |
7870 |
Не ме жали куга умра, жали ме додека сам жив. |
7871 |
Не ме пите ка сам, туку ка ќе да сам. |
7872 |
Не ме смете разлошка в'на сос лепич. |
7873 |
Не мелеме брашно со тебе. |
10403 |
Не менуј се од зборо како времето во марта. |
5552 |
Не мешај баби и жаби. |
10410 |
Не мешај се во господовите рабоќе. |
10404 |
Не мешај си ја аспрата со тој што се кара. |
5553 |
Не ми го испиле чавки мозоков. |
2330 |
Не ми е мирна година. |
2331 |
Не ми и кажвај на дедо нивјето. |
10593 |
Не ми испила чавка умо, да да праам лошо. |
5554 |
Не ми пее петлето. |
9183 |
Не ми требит над глава ќаја. |
2332 |
Не ми фали касметлија, фали работлија. |
7874 |
Не мисли лошо ќе ти се врни во ќошо. |
9184 |
Не може да и се фати на малиот пест. |
9185 |
Не може да ја види шумата од дрвото. |
10014 |
Не може да отрезнее, та да види шчо прават пијаните. |
7875 |
Не може добро дрво да дава лоши плодови. |
10015 |
Не може од еден грб две кожи. |
7876 |
Не може по магарето, та по самаре. |
7877 |
Не можит магарето, го бие самаро. |
5555 |
Не можиш на сио век да му угодиш. |
5556 |
Не мојт ајдук без јатак. |
2333 |
Не мојт да мат по мъжа си, туку мат по гашчите. |
2334 |
Не мојт два наедно да клајт. |
2335 |
Не мојт по Влаот, удират по гуната. |
2336 |
Не мојт по магарето, удират по самарот. |
2337 |
Не мојш со ръка сънцето да го засениш. |
2338 |
Не мокај се спроти ветар, зашчо ќе се испрскаш. |
2339 |
Не мочај спроти ветрот. |
10016 |
Не му гледе полата, гледе му главата. |
7878 |
Не му држи газо варен боб. |
7879 |
Не му е мила фурка. |
2340 |
Не му е на гајдата, затоа не заигра. |
5557 |
Не му запират јъзикон ко празна водејнца. |
2341 |
Не му остајле ни пепел во огнишчето. |
2342 |
Не му се сите овци на број. |
2343 |
Не му фрљат ни слама. |
2344 |
Не му фтасвит една събота. |
2345 |
Не мъмит, ама прау не кажвит. |
2346 |
Не наврашчај вода на чужџа водејнца. |
2347 |
Не нагазуве на змијата опашката. |
7880 |
Не надај се манго на пијани жени. |
9547 |
Не наде се, Пере, на борливи моми. |
7881 |
Не надевајте се на кнезовите. |
10017 |
Не најми се — не учини, не најми се — не дојди. |
7882 |
Не нашол Гркот кокошка, доста му била и страчка. |
2348 |
Не никни ке не те сејет. |
2349 |
Не носи чавка на орање. |
10018 |
Не носит манастирот. |
2350 |
Не оди по бумбаро, ќе те одведе дека не требе. |
7883 |
Не опињај се како некоја жаба на брзеј. |
5558 |
Не опитвеј гаталец, туку паталец. |
10405 |
Не оставај сегашната работа за утре. |
10019 |
Не остави Господ никого без дар. |
9186 |
Не остана камен на камен, сето прав и пепел се стори. |
5559 |
Не остат враг да прајме брак. |
2351 |
Не остат ѓаолот да прајме свадба. |
2352 |
Не отворај стари рани. |
10020 |
Не откривај си газот да не ти го плукаат. |
5560 |
Не откриве си курот да не ти го наплуваа. |
7884 |
Не п'нат трла рогушки, туку ногушки. |
7892 |
Не падинет печени пилиња од небо. |
2353 |
Не пасиме трева. |
2354 |
Не печалиш пари. |
2355 |
Не пи вода од бегличка чешма. |
2356 |
Не пикај го носот кај што не му е местото. |
10406 |
Не пикај го носот насекаде. |
2357 |
Не питаа чие е бичето, ами чие е телето. |
7885 |
Не пите гаталец — пите фаталец. |
7886 |
Не пите за улаво, само ќе ти дојде. |
7887 |
Не пите ка сам, туку ка да сам. |
7888 |
Не пите шчо е арно, пите шчо е скапо. |
7889 |
Не плачи гората од секирата, ами од рачката. |
5561 |
Не плачи на чужџи гроб. |
7890 |
Не пливат магарето дури не му дојт водата до уши. |
2358 |
Не плуве нагоре, оти ќе падне врез тебе. |
7891 |
Не плукај во чинијата од која ќе јадеш. |
10407 |
Не плукај угоре да не падни на тебе. |
5562 |
Не пљувај наугоре да не ти паднит на очи. |
2359 |
Не по врат, ами по шија. |
7893 |
Не по врат, по тил. |
9187 |
Не покажви си 'и рогојте. |
2360 |
Не покажви си ја силата. |
2361 |
Не потискај го носот ке не му е местото. |
2362 |
Не потискај го носот ке не ти е работа. |
2363 |
Не прави радовишка стовна со скршени рачки на половината. |
7894 |
Не прави това шчо не ти е арно да ти прават. |
7895 |
Не прај му се на секој маша. |
2364 |
Не прај се на секое грне капак. |
2365 |
Не прај се поголем католик од папана. |
2366 |
Не прашај старца, ами паталца. |
5563 |
Не прднал, не замерисало. |
7896 |
Не преместуј туѓи меѓи. |
5564 |
Не продаве сливи на габер. |
7897 |
Не пу врат пу шиа. |
9188 |
Не пуштај ја устата како газот. |
10408 |
Не пушчај го јъзикот пред умот. |
2367 |
Не речи два пъти. |
2368 |
Не рипни вов водата — не удави се. |
7898 |
Не сакалдисви се, дан' ти останит мараз на срцето. |
2369 |
Не сам бил бога с камење. |
7899 |
Не сам ве собрал да ве гоа, туку ребра да ви броа. |
7900 |
Не сам видел арно од очите, та од клепќите ле? |
7901 |
Не сам за двадни пораснал. |
7902 |
Не сам с'нце да огреа насекаде. |
7903 |
Не само за в гъз, туку и за над гъз. |
2370 |
Не се варке, ќе постигнеш. |
7904 |
Не се влази од таа в друга кожа. |
7905 |
Не се влегва од ова кожа во друга. |
10596 |
Не се врашче на посерение кладенец. |
7906 |
Не се дичи сос чужџи перја. |
7907 |
Не се знъјт ни кој пијат, ни кој плашчат. |
2371 |
Не се изваркувај сос бричењето. |
7908 |
Не се јаде ниту се пие. . |
9190 |
Не се јади све што лета. |
9191 |
Не се јајт се шчо летат. |
2372 |
Не се колит вол за ока месо. |
2373 |
Не се кревај на големо, да не падниш на колено. |
10594 |
Не се кршчат вода со трње, туку со босиљок. |
2374 |
Не се ќити сос чужџи перја. |
7914 |
Не се летат дури не порастет крилја. |
2375 |
Не се лути, ќе остарееш. |
7909 |
Не се мъмит оној шчо знъјт оту го мъмет. |
2376 |
Не се пита од дека е бичето, туку од каде е телето. |
7910 |
Не се плашам, ама ми е страв. |
2377 |
Не се плашит мечка со решето. |
2378 |
Не се плашит сиромав од арами. |
2379 |
Не се потпире на пијана жана. |
7911 |
Не се прајт карта со къпина, туку со босиљок. |
2380 |
Не се родил тој шчо можит секому да му поможит. |
2381 |
Не се сви вода в речина. |
2382 |
Не се станува мајстор уште првиот ден. |
10021 |
Не се сучит мустаќ пред рслан. |
9192 |
Не се фали каков си бил, ами каков си. |
7912 |
Не се фали сам, чеке друг да те пофали. |
7913 |
Не се фашчат ни за гла ни з' опашка. |
2383 |
Не си вади очите сам. |
7915 |
Не си водејнци али ваљајци, та викаш толку. |
2384 |
Не си врзан с лајнено важе. |
7916 |
Не си го менал ни рувото ни бојата. |
2385 |
Не си давај газо на вересија. |
7917 |
Не си ле фане сајбиска рака, нема фајда од другите. |
7918 |
Не си преваре касмето. |
7919 |
Не сити се на туѓа несреќа. |
10409 |
Не сме од небо паднати. |
2386 |
Не сме паднати од Марс. |
2387 |
Не смеј му се на будалата зашчо лесно мојш да го фтасаш. |
2388 |
Не спружви 'и нозете надвор од цергата. |
2389 |
Не стори, да не најш. |
2390 |
Не стравувај да ја вкусиш горчеливоста на успехот. |
9193 |
Не сум болен та ме опитвиш али сакам. |
2391 |
Не сум врба утре пак да изникнам. |
2392 |
Не сум му бил кум. |
2393 |
Не сум му бил на кршчењето. |
2394 |
Не сум му го секол попокот. |
2395 |
Не сум овца за стрижење. |
9194 |
Не сум сонце, да да огреам насекаде. |
5565 |
Не сум сънце, та секого да огреам. |
2396 |
Не те гледаат свето, што јадеш, ами што чес имаш. |
10022 |
Не те мам по уста, да ме фалиш. |
2397 |
Не те фати за ръка. |
2398 |
Не те цицале мачки неќеска. |
2399 |
Не тере ногу, оти ќе останеш и без ич. |
7920 |
Не ти го изела крава јъзикот. |
2400 |
Не ти е вајде — му влезе шапот во газо на болнио. |
5566 |
Не ти је зашила мајка ти устата. |
2401 |
Не ти се убори бисерот. |
2402 |
Не ти сечи тиквата. |
9195 |
Не ти требе капа, ако немаш на шчо да а туриш. |
7921 |
Не ти чинит верата. |
2403 |
Не требе мечка да те гази. |
7922 |
Не турај на огнот масло. |
10023 |
Не турвај во огнот масло. |
10527 |
Не тъжи на чужџ гроб. |
2404 |
Не умрела бабата од шегата, туку шчо је дошол денот. |
2417 |
Не умри магаре, ќе се роди зелана трева. |
7923 |
Не умри, коњу, до зелена трева. |
5567 |
Не умри, магаре, до зелена трева. |
2418 |
Не устана гајри такат - сета снага се потроши. |
9196 |
Не учи баба ка се сади лешча. |
7924 |
Не учи бавчанџија како се садет крастајци. |
2419 |
Не учи дедо ка се пржат јајца. |
7925 |
Не учи ја рибата да плива. |
10024 |
Не учи старец да макат јајца. |
2420 |
Не учи старец да пасит кози. |
2421 |
Не учи старца да мака јајца. |
5568 |
Не фали лична жена, туку умна. |
2422 |
Не фали ми ја дремуша, туку рануша. |
2423 |
Не фали ми лична жена, ами умна. |
5569 |
Не фали ми убавица, туку работница, |
2424 |
Не фате направо — ќе те погодат. |
7927 |
Не фате се ќефил на тове шчо не го познаваш. |
7928 |
Не фатие меќајте. |
2425 |
Не фашчај му кусур. |
2426 |
Не фашчат калај без нишадар. |
2427 |
Не фрли се вов оѓине, не изгори се. |
7929 |
Не фрљај камен в ќенеф зашчо ќе те испрскат. |
2428 |
Не фрљам по господа со камење. |
2429 |
Не цепи ми шчици. |
2430 |
Не чекај добрина од чоека што е роден на злоба. |
5570 |
Не чеке куга тупне тапане. |
7926 |
Не чечкај пиштол за да не пукнит. |
5571 |
Не чешај се ке шчо не те јајт. |
2431 |
Не чешај си го јъзикот со мене. |
2432 |
Не чукај чужда рж. |
10025 |
Невиден арамија посилен од кадија. |
2433 |
Невиден арамија, поголем од кадија. |
9197 |
Невидена реката 'и слекол гашчите. |
2434 |
Невидена реката не слекви 'и гашчите. |
2435 |
Невикан гостин зад врата седит. |
10026 |
Невикан дојде, нетеран сјојде. |
2436 |
Негвата добрина, ко ламба на полден. |
2437 |
Негљани очи бргу се заборавет. |
2438 |
Него в село не го пуштаат, тој од попо куќата ја барат. |
5572 |
Него го неќат в селото, а он пита за поповата кашча. |
7930 |
Недоучено — залевучено. |
7931 |
Незговорна дружина, не можат си почина. |
7932 |
Нек се раздени, да после ќе се видиме кој кај сме. |
5573 |
Нек' се знъјт чија куќа мрсно јала. |
2439 |
Нека дојди Видовден, та после ќе се видиме. |
5574 |
Нека е село весело да си допреда фурката. |
7934 |
Нека има маќа оред куго да бега. |
7935 |
Нека ме ритне железен папук, а не здрвен опинок. |
7936 |
Нека ми е като кука, ама да ми е тука. |
7937 |
Нека молит бога да сум жив, за да му платам. |
2440 |
Нека не дреме како ќос на јајца. |
9198 |
Нека не праит инат како магаре на мос. |
5575 |
Нека се лути, ако сака и гуштери нека блует. |
5576 |
Нека си прозакрпен да не бидиш борчлија на Евреин. |
5577 |
Нека сум во рај, да ако сум накрај. |
5578 |
Нека те греат ѕвездите, ако те месечината не огрее. |
7939 |
Нека те клоцат ат, а не магаре. |
2441 |
Нека те фали друг, а не твојата уста. |
10027 |
Нека ти е просто од тука до мосто, а од там сос лосто. |
7940 |
Нека ти завидат, да те не жалат. |
7941 |
Некаде ка знаеш, некаде ка наеш. |
7933 |
Неканат гост е како кисел грозд. |
10028 |
Неканат гостин гото магаре. |
2442 |
Неканен гос — готаво магаре. |
7938 |
Неканет гост е како магаре на јасли. |
10029 |
Неканет гост молчит како ќос на јајца. |
5579 |
Некој негде, името на пазар. |
2443 |
Некој од бедотија — некој од узурлук. |
7942 |
Некој се скривјат зад лист, некој зад цело дрео не можит. |
2444 |
Некој умира, другиот му го навира. |
10411 |
Некој цела, некој немат ни фела. |
2445 |
Некому глата му пукат, некому оро му се играт. |
2446 |
Некому мајка, некому маштеа. |
10412 |
Неќе да пукне грнето додека не му дојде времето. |
7956 |
Неќе да се жени додека не му никне врба в газо. |
7957 |
Неќе мачка риба, па и ти невеста. |
7959 |
Неќе молитва — иска мотика. |
7960 |
Неќеш ле мира, на ти секира. |
7958 |
Неќит мачка риба. |
2490 |
Нем немец — слеп слепец. |
7951 |
Нема во веков нешто што да не ет од Бога создадено. |
5580 |
Нема дим без огин. |
10030 |
Нема добриње без трудење. |
5581 |
Нема жито без какол. |
10031 |
Нема кајање после ебање. |
10088 |
Нема ле кокошка, може и чавка. |
7944 |
Нема ле погача, ако е и колаче. |
7945 |
Нема ле си човек од внетри, ти му лепи од вонка. |
7946 |
Нема ле таир, нема ни саир. |
7947 |
Нема леб без мотика. |
10413 |
Нема лек за страв. |
10032 |
Нема лето без жешко. |
7943 |
Нема некому да му се стемни, та мене да ми се осамни. |
9199 |
Нема пајажина во воденицата што работи. |
10414 |
Нема поглув од тој што не сака да чуе. |
10033 |
Нема поговорка без вистина. |
10415 |
Нема поголема мудрост од молшењето. |
10034 |
Нема послеп од тој што не сака да види. |
10035 |
Нема радост без непријатност. |
10036 |
Нема чучи та ручи. |
7948 |
Нема шизик без ризик. |
8653 |
Немал дедо работа, што си купил маторица. |
5582 |
Немал си ѓаоло работа, та си тепат децата. |
7949 |
Немала баба работа, та си купила прасуле. |
2447 |
Немало побудали од учените; колку поучени, толку побудали. |
2448 |
Немат ајдук без јатак. |
2449 |
Немат вода в очине. |
2450 |
Немат гашчи на гъзишче, а на гла цвеќе ми клал. |
2451 |
Немат ден без виделина. |
2452 |
Немат една шчица во глана. |
2453 |
Немат жито без граор и къклица. |
2454 |
Немат жито без скували. |
2455 |
Немат за баба вретено. |
2456 |
Немат кабает тој што зема вересија, ами тој што дават. |
5583 |
Немат ке него пет и шест. |
2457 |
Немат кол во плешчине. |
2458 |
Немат куче ке да къснит. |
2459 |
Немат ни капка стреш во глана. |
2460 |
Немат ни крај, ни конец. |
2461 |
Немат ни куче, ни маче. |
2462 |
Немат ни поблаго, ни погочлио од јъзик. |
2463 |
Немат ни поблаго, ни погочлио од чедо. |
2464 |
Немат нишчо поблаго од сон, ама ако многу го љубиш без леб останвиш. |
2465 |
Немат нишчо појако и помеко од чвека. |
2466 |
Немат оџа работа, си је виткат чалмата. |
2467 |
Немат појака пијачка од вода. |
2468 |
Немат полоша болест од немачка. |
2469 |
Немат пострашна сила од глад. |
2470 |
Немат рофја в копри, туку в дъб да го урнит. |
2471 |
Немат токму триста во глана. |
2472 |
Немат толку сољ за то шчо ќе го опериш. |
2473 |
Немаш вујко владика. |
2474 |
Немаш ле в главата, ќе имаш в нозете. |
7950 |
Немаш ли грош, секогаш си лош. |
10416 |
Немашчината е карајнца в куќи. |
2475 |
Немој да чекориш сао по разгазени патеки! |
9200 |
Нему болест, другему здравје. |
2476 |
Ненамачкана кола оддалеку се познат. |
2477 |
Неолата викни ја секаде да ти помага. |
5584 |
Неолата ум дават на чоека. |
5585 |
Неоља гла ѓинит. |
2478 |
Неоља закон не гљат. |
2479 |
Неоља продат, неоља купвит. |
2480 |
Неољата барат пријатељ. |
2481 |
Неољата го учит чвека на се. |
2482 |
Неољата и од камен е појака. |
2483 |
Неољата ќе те натерат и на лајното „ага" да му речиш. |
2486 |
Неољата најмногу помогвит. |
2484 |
Неољата не е од железо, ама камења кршит. |
2485 |
Неорана нива не мож да се жние. |
7953 |
Непара милуј ја чашата, оти ќе си ја остаиш работата. |
5586 |
Неписмение е слеп при очи. |
7952 |
Неправедно спечалено не ќе втаса до трето колено. |
5587 |
Неправедно спечалено, не стигвит ни до третото колено. |
2487 |
Неразбрана жена за пеза оди. |
7954 |
Нероден Петко, му купиле капа. |
5588 |
Несакањето и неможењето се браќа. |
2488 |
Неслогата ѕида кули од хартија. |
9488 |
Нетилез'м момица при арна довица. |
7955 |
Нетребен бунар смрдит. |
2489 |
Нефалена момичка, немъжена останвит. |
2491 |
Нехтен каша — греби грне. |
7961 |
Нечесната жена и в кафез да ја затвориш, таа ќе си најт чарето. |
9201 |
Нешчо е поарно од нишчо. |
2492 |
Ни башча ми аир не е видел, не па ти. |
7962 |
Ни богу проскура, ни ѓаолу ќиселец. |
2493 |
Ни богу темјан, ни врагу колач. |
2494 |
Ни брут чужџ да не ти влезит в куќи. |
2495 |
Ни в клин, ни в плоча. |
2496 |
Ни в клин, ни в ръкав. |
2497 |
Ни в телци ни в говеда. |
5589 |
Ни в телци — теле, ни в гојада — гојадо. |
2498 |
Ни в џеб, ни од џеб. |
10417 |
Ни вадено, ни прашено. |
2499 |
Ни варено, ни печено. |
2500 |
Ни во куче вера, ни во лаком мера. |
2501 |
Ни во ракот, ни во сокот. |
2502 |
Ни во чудо не чуди се. |
2503 |
Ни вода, ни киселина. |
2504 |
Ни волк ги јаде, ни орел ги дига. |
9203 |
Ни господ в мјана, ни ѓаол в црков влегвит. |
2505 |
Ни даам, ни земам; ни гурам, ни левам. |
5590 |
Ни девет кучки не би ја надлајале. |
2506 |
Ни е прч, ни оџа, туку турска победа. |
7963 |
Ни есап, ни касап не знаат. |
9204 |
Ни за в зъб, ни за в грло. |
2507 |
Ни за в осое, ни за в присое. |
7964 |
Ни им јъчит, ни им плачит. |
2508 |
Ни им обели образот. |
2509 |
Ни им показа бакарот на мегдан. |
2510 |
Ни карназ, ни картепез. |
2511 |
Ни коњи со рафтој не го запирет. |
2512 |
Ни коњи со рафтој не го поткревет. |
2513 |
Ни костен од ръка не би му зел. |
2514 |
Ни кучиња бадијала не лајат. |
10037 |
Ни ќар ни зијан. |
9205 |
Ни лостој не го поткревет. |
2515 |
Ни лук јал, ни лук мирисал. |
2516 |
Ни лук јал, ни на лук мирисал. |
9206 |
Ни мајчин гроб се без пари не копа. |
7965 |
Ни мало му плаче, ни старо му јаче. |
10418 |
Ни мама на тате забадјала не му дат. |
2517 |
Ни мене лозје, ама ни тебе грозје. |
8570 |
Ни мисла, ни грижа, ни добра вечера. |
7966 |
Ни моеси, ни твоеси. |
2518 |
Ни море не го мијат. |
2519 |
Ни на богатството радви му се, ни на сиромашиијата плаши је се. |
2520 |
Ни на господа темјан не му дат. |
2521 |
Ни на гъзот свој вера да немаш. |
2522 |
Ни на мравка не нагазвит. |
2523 |
Ни на небо, ни на земи. |
2524 |
Ни на тој век. |
2525 |
Ни од Бога го грев, ни од чоека го страм. |
5592 |
Ни од греојте не си подат. |
2526 |
Ни од љуѓе страм, ни од господа грев. |
2527 |
Ни од чупка чутура, ни од Турчин чвешчина. |
2528 |
Ни од шчица маша, ни од арап паша. |
2529 |
Ни оре ѓаволо, ни копа. |
7967 |
Ни прави свето мостове да и газиш, ни биди мос да те газат. |
7968 |
Ни прстите на ръката не се еднакви. |
2530 |
Ни работа, но събота. |
2531 |
Ни ражено да гори, ни ќебапо. |
5593 |
Ни риба без вода, ни вълк без планина. |
2532 |
Ни род, ни поможи Бог. |
9207 |
Ни с мъжа, ни с Лазара. |
2533 |
Ни се водит, ни се терат. |
2534 |
Ни се шијат, ни се парат. |
2535 |
Ни со лостој не мојш да го поткрениш. |
2536 |
Ни солено, ни палено. |
2537 |
Ни трандафиљ без трн, ни севда без кавга. |
2538 |
Ни чуено ни видено, на гости дојдено. |
5595 |
Нигде крајот не го најде. |
5596 |
Ние за волкот, а волкот зад врата. |
10038 |
Ние од место, Господ на место. |
5597 |
Ниедна лошотија не доаѓа сама. |
10039 |
Ниедна мачка без опашка. |
10040 |
Ниедна несреќа не доаѓа сама. |
10041 |
Низ иглени уши го провират. |
2539 |
Низ иглени уши поминал. |
2540 |
Низ иглини уши да гу вдениш (за оној што е многу слаб). |
9208 |
Низ јазико му се валка, ама не можит да го речит. |
5598 |
Низ село без кучиња се врвит без стап. |
2541 |
Низ џам сирење лижит. |
2542 |
Никогаш не е доцкна. |
2543 |
Никој жар на меот не ти кладе. |
2544 |
Никој не бега од убавото. |
10419 |
Никој не го викат вълкон, ама тој и невикан идат. |
2545 |
Никој не го викат вълкот за до изејт. |
2546 |
Никој не е безгрешен. |
10043 |
Никој не е чист. |
2547 |
Никој не знае кога ќе умрит. |
5599 |
Никој не знтъјт шчо носит ден, а шчо ноќ. |
2548 |
Никој не знъјт кога ќе умрит. |
2549 |
Никој не зтъјт на оној век шчо имат. |
2550 |
Никој не може да им служи на два господина. |
10042 |
Никој не можит да му је врзит устата на алкот. |
2551 |
Никој не се вратил од оној век. |
2552 |
Никој не се родил учен. |
5600 |
Никој не те фатил за гуша. |
2553 |
Никој не ти го клал ножот под гуша. |
2554 |
Никој не ти згазна на опашката. |
2555 |
Никој не умрел од голотија и босота. |
9211 |
Никој учен не се родил. |
2556 |
Никоја река не го мие, лели во борч влезе. |
5601 |
Никому не му е на челото написано. |
2557 |
Ниското магаре секој го вјат. |
2558 |
Ниту риба, ниту девојка. |
10127 |
Ниту срам, ниту мамуз. |
10597 |
Ничкум гљавет, скришем давет. |
2559 |
Нишај врата, земај плата. |
2560 |
Ништите и брдилата сет голема стока на жената. |
5602 |
Ништо не е поболно од вистината. |
10044 |
Ништо не се купуа без пари отколку рај Божи. |
5603 |
Ништо не успева како успехот. |
10045 |
Нишчо без бога не се мојт. |
2561 |
Нов бунар копај, во старјот не пљувај. |
2562 |
Нов бунар копај, на стариот не плукај. |
9213 |
Нов ден, нов късмед. |
2563 |
Нов ден, нова нафака. |
2564 |
Нов мъмелеџија, стар арамја. |
2565 |
Новата метла чисто метит. |
2566 |
Новите пътишча и старите пријатели барај 'и. |
2567 |
Ново сито на кључеј. |
2568 |
Новото сито само сејт. |
2569 |
Ногата дури те риза, печали и работи. |
5605 |
Ногата му се подмествит, зборот не. |
2570 |
Ногата му се слизна, а зборо не. |
5606 |
Ногу раце благословени, ма ногу усти кжнати. |
9214 |
Ножо ет за потреба, а не да праит чоек повреда. |
5607 |
Нозе ми нема стоката, да затоа не ми се продаа. |
5608 |
Нозете да му 'и мијаш, водата да му је пијаш. |
2571 |
Ноѕете да ти имам глата да ти ја немам. |
10365 |
Ноќа месит, дења везит. |
10046 |
Ноќта вода не са плиске вонка, зашто ќе те болат очите. |
9215 |
Ноќта ден да ја сториш и да спечалиш. |
5609 |
Ноќта е трудна. |
2575 |
Ноќта отруднуа, и дено го раѓа. |
5610 |
Носи, не проси. |
2572 |
Носит змија в пазва. |
2573 |
Носон да му паднит, не си го поткреват. |
2574 |
Нужда закон менува. |
9216 |
Нужда ради, закон измењава. |
5611 |
Нужда ради, кај најди граби. |
5612 |
Нуждата го натерала чоека што да греши на Бога. |
5613 |
Нункото ми имат кабает што не го докрстил сина ми. |
5614 |
О, бир, брада жужер црна како къклица. |
2576 |
Об, об, об, та в гроб. |
5615 |
Обесете го брата ми, оти мене ми се мели умот. |
5616 |
Обетка нека ти ет. |
5617 |
Обиколниот пат е најкраткиот пат до дома. |
10047 |
Облеката не го чини човекот. |
10048 |
Облекол е Алија, куга се водел — па в тија. |
7969 |
Облекол се рак в теја руво пак. |
2577 |
Образ е гореш. |
2578 |
Образованието е сила. |
10049 |
Образот е колку два прста, ама за нишчо на веков не се дат. |
2579 |
Образот се мие, срамот тешко. |
10420 |
Образот со вода не се мијат. |
2580 |
Обујан бос преку вода носит. |
2581 |
Ов за него, ов без него. |
2582 |
Ов за чеда, ов од чеда. |
2583 |
Ов легни, ов стани, цел стави, ич не крени! |
5618 |
Ов моме, ов душо, ов брашно, ов страшно! |
5619 |
Овај газ не е од праз. |
7970 |
Овде е и рајот и пеколот. |
2584 |
Овенал како некој скинат трендафил. |
5620 |
Овес жни, ичимен врши, р'ж жни, пчeница јади. |
7971 |
Овој век е курдисан на чес. |
2585 |
Овој век е мошне мил, ама смртен час да не беше бил. |
5621 |
Овој век ко со снег. |
2586 |
Овца без стадо вълку вечера. |
2587 |
Овца без фајда, волко не ќе ја јадит — давит. |
5622 |
Овца ле си, и в'ци ќе те јадат. |
7972 |
Овца шчо се дели од другите, в'ко ќе а најде. |
7975 |
Овцата кој фане, он ја м'зе. |
7973 |
Овцата моја, рувото туѓо, жената моја детето туѓо. |
9217 |
Овцата пади сиромашчијата. |
7974 |
Овци без овчар, на вълкот му се дар. |
2588 |
Овците сет кротки и будали, да затоа стојат да 'и давит волкот. |
5623 |
Овчар мъж и калуѓер чвек, не се. |
2589 |
Овчарот овците 'и стрижит, а касапот 'и дерит. |
2590 |
Огален поп и в црква прди. |
7976 |
Оган и слама не се клавет едно до друго. |
2591 |
Оган со масло не се гаснит. |
2592 |
Огламникот ојт со коњот. |
2593 |
Огно, водата и смртта ат'р не гледаат. |
5624 |
Огнот и водата не препознавет ни кумство ни пријатељство. |
2594 |
Огнот и водата се арни измеќари, ама лоши господари. |
2595 |
Огнот ке ќе паднит, таму горит. |
2596 |
Огон и барут на едно место не се клава. |
5625 |
Огон и вода најпотребни сет на чоекот. |
5626 |
Огон со масло не се гаси. |
5627 |
Огон со слама не се гасит. |
5628 |
Од ајпида черјо не се тргат. |
2597 |
Од алој јајце на глава ми се печит. |
2598 |
Од арамија куќа не се отворат. |
5629 |
Од арамилак куќа не се гледат. |
10421 |
Од арен дури не чини. |
9218 |
Од арно никој не бега. |
10529 |
Од арно никој не бегат. |
2599 |
Од ат на магаре. |
7978 |
Од аџамија и пичката плаче. |
7979 |
Од белезан чвек господ да те бранит. |
2601 |
Од белезано нешчо, бегај далеку. |
2602 |
Од бесно куче на пат и жена в кат, од гнил мос и прдлив гос. |
7980 |
Од благо вино гъз болит. |
2603 |
Од бога дојде да трпиш, та од човека ле? |
7982 |
Од Бога ништо не се криет. |
5631 |
Од Бога што ќе доит, добре нека доит. |
5632 |
Од був сокол, од сокол був. |
5633 |
Од будала памет не купуве. |
7983 |
Од буква историја. |
7984 |
Од бурило бочва. |
2604 |
Од бух сокол не бива. |
7985 |
Од бух сокол — од сокол бух. |
7986 |
Од Бъдник до Божик не се јадени. |
2605 |
Од бълна помал се стори. |
2606 |
Од варена пченица не се истерува семе. |
7987 |
Од варени јајца не се изводат пилишча. |
7988 |
Од вино и раќија нема прокопција. |
7989 |
Од влакно камила не прави. |
7990 |
Од Влаот и ѓаолот пукнал. |
2607 |
Од вода водет, од вино носет. |
2608 |
Од вошка кожа не се дерит. |
5634 |
Од вошка ремен не се прајт. |
2609 |
Од врашчаљка, сваљка. |
2610 |
Од врба грозје не се берит. |
2611 |