Browse Items (383 total)

Кула. Средновековна тврдина. На 1 km источно од селото, на една голема височинка со зарамнето плато, по површината се гледаат грамади од градежен материјал и контурите од одбранбениот бедем на тврдината.

Селиште. Средновековна населба и топилница. На 2 km северно од селото, на врвот од една мала височинка обрасната со густа шума, во непосредната близина на составот на реките Манастирска и Илинска се гледаат темели од објекти, наместа добро зачувани,…

Катуниште. Населба од римското време. На 1 km западно од селото, на мала височинка од левата страна на патот Ресен-Болно, а непосредно до раскрсницата на патот Евла-Петрино, на површина од 2-3 хектара, при обработувањето на земјата мештаните откриле…

Глабок Дол. Осамен наод од доцноантичкото време. На 500 м северно од селото, од десната страна на патот што води кон локaлитетот Селиште, во 1975 година Н. Котески откопал два питоса.

Св. Недела. Населба од бронзеното време. На околу 500 м северно од селото и 100 м јужно од раскрсницата на патот Макази-Претор се наоѓа блага височинка - тумба, која е доста развлечена од интензивните земјоделски работи. Во нивите на Мефаил Taипи во…

Св. Архангел. Осамен објект од доцноантичкото време. На околу 200 м јужно од црквата, на езерскиот брег, по смалувањето на нивото на водата се гледаат остатоци - темели на три ѕида, паралелно поставени, со 4 м растојание помеѓу нив, во правец…

Ружин Гроб. Тумул од железното време. Се наоѓа на 1,5 km северно од селото, во непосредната близина на езерскиот брег. Тумулот има пречник во основата од 15-20 м и зачувана височина од 1,5 м. Западната половина му е оштетена во Втората светска војна,…

Населба од хеленистичкото време. На 2 км северно од селото и во правецот на селото Езерани, на самото езерско крајбрежје, на простор од 100 x 100 м по површината се гледаат остатоци од градби кои со едниот дел навлегуваат во водата на езерото.…

Мисурица. Населба и некропола од римското време. На 1 км северно од селото, во рамнината крај езерскиот брег, на блага височинка што се издига над околниот терен и зафаќа површина од околу 4 хектара, при обработувањето на земјата мештаните наидувале…

Асамати. Осамен наод од римското време. Покрај западниот ѕид на селската црква се наоѓа постамент од надгробна плоча со оштетен натпис, нечитлив. Плочата била донесена многу одамна, така што наоѓaлиштето не е познато. Во бавчата на Фазлија…

00011-7-1.jpg
Спомен плоча посветена на Јонче Г. Малинајдовски
Output Formats

atom, csv, dc-rdf, dcmes-xml, json, omeka-xml, rss2