Горна Црква. Осамени наоди од доцноантичкото време. Северно од селото, на десниот брег на малата селска река и во непосредната близина на црквата Св. Никола, во 1960 година, при копање на земја за правење тули биле откриени два питоса кои не се…
Горна Маала. Населба и некропола од римското време и средниот век. На околу 1 km источно од селото и 1 km јужно од месноста Макази, на голема површина, што зафаќа простор од 100 m во должина и околу 300 м во ширина, се среќаваат фрагменти од…
Горици. Населба од римското време. Северно од селото, на две височинки што доминираат над околниот терен се среќаваат остатоци од населба, поточно, фрагменти од керамички садови, тегули и грамади од градежен материјал. Локалитетот е познат уште под…
Голем Град - Остров. Населба од неолитското, хеленистичкото и римското време, некропола од римското време и средниот век. Се наоѓа во југозападниот дел на Преспанско Езеро, на граничната тромеѓа со Грција и Албанија. Има површина од 18 хектара и…
Глабок Дол. Осамен наод од доцноантичкото време. На 500 м северно од селото, од десната страна на патот што води кон локaлитетот Селиште, во 1975 година Н. Котески откопал два питоса.
Гимбабица. Некропола од хеленистичкото време. Северно од селото, при реконструкцијата на патот Ресен-Охрид, во 1953 година се откриени неколку гробови. Во гробовите биле најдени два целосно зачувани кантароса и една чинија. Кантаросите се со црн…
Герамидница. Населба од доцноантичкото време. На 500 м јужно од селото, од десната страна на патот што води кон грчката граница, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.
Висои. Населба од доцноантичкото време и старо-христијанска базилика со некропола. На повеќе места во атарот на селото се откриени остатоци од населба. Покрај самиот пат што води за Старо Село, во лозјата и овоштарниците се среќаваат фрагменти од…