Бела Црква. Депо на средновековни монети. Во нивата на С. Стојчески, која е оддалечена 2 km северно од селото, со земјоделските работи во 1961 година биле откриени 427 бакарни скифати од XII-XIII век. Во оваа нива во 1955 година било најдено уште…
Бљудо. Средновековна населба, црква и некропола. Северно од селото, на мала височинка што се извишува над езерото, при обработувањето на земјата мештаните наидувале на темели од објекти. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови,…
Висои. Населба од доцноантичкото време и старо-христијанска базилика со некропола. На повеќе места во атарот на селото се откриени остатоци од населба. Покрај самиот пат што води за Старо Село, во лозјата и овоштарниците се среќаваат фрагменти од…
Герамидница. Населба од доцноантичкото време. На 500 м јужно од селото, од десната страна на патот што води кон грчката граница, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.
Гимбабица. Некропола од хеленистичкото време. Северно од селото, при реконструкцијата на патот Ресен-Охрид, во 1953 година се откриени неколку гробови. Во гробовите биле најдени два целосно зачувани кантароса и една чинија. Кантаросите се со црн…
Глабок Дол. Осамен наод од доцноантичкото време. На 500 м северно од селото, од десната страна на патот што води кон локaлитетот Селиште, во 1975 година Н. Котески откопал два питоса.
Голем Град - Остров. Населба од неолитското, хеленистичкото и римското време, некропола од римското време и средниот век. Се наоѓа во југозападниот дел на Преспанско Езеро, на граничната тромеѓа со Грција и Албанија. Има површина од 18 хектара и…
Горици. Населба од римското време. Северно од селото, на две височинки што доминираат над околниот терен се среќаваат остатоци од населба, поточно, фрагменти од керамички садови, тегули и грамади од градежен материјал. Локалитетот е познат уште под…
Горна Маала. Населба и некропола од римското време и средниот век. На околу 1 km источно од селото и 1 km јужно од месноста Макази, на голема површина, што зафаќа простор од 100 m во должина и околу 300 м во ширина, се среќаваат фрагменти од…